Skip to main content

АНТИМАКЕДОНСКИОТ ГОВОР НА МАЈК РЕН

АНТИ-МАКЕДОНСКИ ГОВОР НА ПРЕМИЕРОТ НА ЈУЖНА АВСТРАЛИЈА МАЈК РЕН
По антимакедонскиот говор од страна на Премиерот на Јужна Австралија, Мајк Рен деновиве непрестајно циркулираат неговите изјави во сите македонски и австралиски печатени медиуми. На покана од Грчката Заедница говорот е одржан на 29 Ноември 2009 година на фестивалот Димитрија во Аделаид, Јужна Австралија. Македонската заедница во Австралија е крајно навредена од неговите коментари за културата, историјата и нашиот претседател Ѓорѓе Иванов. Остри критики за неговата јавна поддршка на грчкото лоби, и нарекуваќи ја македонската историја и култура – грчка, се упатени и од пошироката австралиска јавност како и од австралиски политичари кои го повикуваат да се врати во колосек.Тие сметаат дека Мајк Рен може да се соочи со обвиненија за поттикнување на расна омраза и бес поради ваквите недолични изјави. Амбасадата на Република Македонија во Канбера ги осудува коментарите на г-динот Рен, во кои тој тврди дека претседателот Ѓорѓе Иванов на многу опасен начин предизвикувал "разгорување на проблеми" и се обидува да ја украде грчката историја и култура.
Своите тврдења ги поткрепува со примерот за преименување на аеродромот и автопатот во Александар Велики.
Македонската Амбасада во Канбера по ваквите изјави, најавува поднесување на формален протест до Владата на Кевин Рад. Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права смета дека со овие изјави Мајк Рен ја "клевети македонската заедница и поттикнува расна омраза.Портпаролката на Коалицијата за Надворешни работи, Џули Бишоп, го повика Министерот за Надворешни работи Стивен Смит да го поучи г-динот Рен кој таа го обвинува за експлоатирање на чувствителни меѓународни прашања меѓу Грција и соседна Македонија со цел да добие гласови на државните избори следниот месец. Таа изјавува дека Г-динот Рен ја злоупотребува својата позиција како премиер и треба да се врати во колосек.Исто така, портпаролката на Коалицијата за надворешни работи Џули Бишоп смета дека е потребно да и се објасни на Македонија дека коментарите од страна на поранешниот министер за труд Ник Болкус се крајно недолични и ја преминуваат границата. Во говорот, Г-динот Рен вети дека неговата влада ќе стане "цврста и непоколеблива" во поддршка на Грците.Тоа било важно бидејќи никој немал право да ја краде историјата и културата на друга нација. Спрема Г-динот Болкус политиката била начин на "изразување на свои гледишта во однос на одредени прашања и дека бил многу задоволен што Премиерот токму тоа го правел.Контраверзноста доаѓа во време кога Владата на Рад бара поддршка од Македонија за место во Советот за безбедност на ОН кој утре е домаќин на Форумот за подобрување на заедничките односи.
Oпширен извештај за овој случај е објавен во aвстралискиот весник The Australian
Следете го линкот
http://www.theaustralian.com.au/news/nation/rann-accused-of-playing-the-race-card/story-e6frg6nf-1225828057518
Потсетување: Мајк Рен стана 44-ти премиер на Јужна Австралија откако победи на Државните избори во март 2002 година и повторно избран со мнозинство на гласови во март 2006 година. Освен должноста на Премиер, Г-дин Рен ја презеде портфолијата за економски развој, социјална вклученост, уметност и постојан развој и климатските промени. Г-динот Рен е претседател на Меѓународната група за климатски промени и регионалната мрежа.
Премиерот на Јужна Австралија, Мајк Рен на 2 Октомври 2009 година беше нападнат за време на неговата посета на Националниот центар за вино во Аделаид.
Во ноември минатата година во јавноста излезе веста за неговата наводна афера со поранешната барменка во парламентот Мишел Чантелос на што тој жестоко реагираше и ги негираше обвинувањата во обид да ја поврати својата репутација.
Гордана Димовска

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...