Skip to main content

Д-р Игор Јанев со правен лек за името

Зошто и како дојде до БЈРМ?
Дискриминација на Македонија-
Принудена да преговара за сопственото име и трпи штета-
Дали треба да се преговара?
Правно решение за укинување на ФИРОМ!
‘ Целиот процес треба да се прекине и да се бара советодавно мислење од Генералното собрание на ОН, дали преговорите и референцата ФИРОМ се легални‘
Се работи за тоа што Македонија при приемот побарала да се прими под Р. Македонија меѓутоа ОН се оглушил од таквото барање и постави Резолуција со ФИРОМ, внатре, (БЈРМ) и со тоа покажува дека не постоела можност таа да биде примена без таква референца, и со имплицитна обврска да се преговара со другата држава за сопственото име. Порано беше преседан во 1948 година, на 28 мај, кога судот донесе советодавно мислење според кое не смее да се поставуваат ниту смее да се гласа за дополнителни услови надвор од тие општи услови предвидени од членот 4 од повелбата на ОН .
Тие општи услови се однесуваат на мир, подготвеност и капацитет за членството, и имаат многу општ карактер. исто така тие се од посебен карактер и не смее да се придодаваат , а ако се даваат и се гласа за нив, такви услови се нелегални и креираат пречекорување на овластувањата од ОН . Во македонскиот случај тие два услови што се направени, да се носи референцата БЈРМ и да преговара со другата држава за сопственото име, временски траат по чин на приемот, а не постои условен прием , не постои условно членство во ОН, постои само полноправно придружно посматрачко членство. Значи овие се дополнителни два услови во однос на предвидени од членот 4 од повелбата на ОН.
Очигледно овде, понатаму, се работи и за бесконечни услови кои бесконечно траат во време.
Со тие две обврски повеќе, со тие нелегални услови, се креирани и две обврски повеќе , а со тоа е повреден и членот 2 од Повелбата. Со сите тие прекршувања значи Македонија е дискриминирана во членството и одма се поставува прашање што Македонија може да направи.
Заради еден таков процедурален пропуст при приемот, ние сме принудени да преговараме со друга држава и да ги трпиме сите штети кои произлегуваат од тој процес. И сега за да се исправи една таква грешка направена од ОН која ја плаќаме со тие преговори и гњаважи во ОН, сега мора да од Генералното собрание побараме поставување прашање до МСП дали тие услови се во согласност со повелбата на ОН, односно дали тие специфични услови за референцата, и обврска да се преговара се дополнителни услови (и со тоа се нелегални). И така поставено прашање од Генералното собрание тогаш оди во Меѓународиот суд за правда, и таму треба да се каже во судот врз база на судското мислење , 1948 дека таквите услови се значи ‘ res judicata‘ (пресудена работа) односно не се легални, и потоа да прати овој став во форма на одговор до генералното собрание.
Потоа генералното собрание, треба таа нелегална референца да ја укини и да го воведе уставното име во ОН , Република Македонија, бидекји со мислењето суд признава дека постои самоопределување на сопствен правен идентитет. А правен идентитет е името во меѓународно-правна комуникација . И кога постои право на самоопределување на сопствен правен идентитет афирмиран во суд, генералното собрание со истата резолуција ќе донесе одлука да повеќе не смее да се користи нелегалната референца ФИРОМ, туку уставното име Република Македонија. Кога тоа ќе се направи, сите други органи на ОН ќе почнат да го користат уставното име Република Македонија, а потоа и организации во системот на ОН. И со тоа конечно по судската постапка ќе се заврши целата процедура околу воспоставување уставното име Република Македонија во ОН.
Јасно е дека не треба да се преговара. Привремената спогодба е направена така како што е направена, во заблуда. Македонија може да каже дека е во тој момент 1995 , како и впрочем 1993, беше во заблуда, кога се склучи таа спогодба. Кога ке почне постапка за милњето, ако на Грците не им пречи, ние и понатаму можи да преговараме неврзано за оваа судска процедура. Не бараме ние ништо освен процедурално разјаснување, т.е. тоа го бара генералното собрание на ОН од Меѓународниот суд на правдата. Ние не водиме никаква правна процедура против Грција (односот е мегу ОН и РМ). Или да кажеме таква една процедура водат ОН за да се расчисти дали со таа дискриминација се прекршени членски права, и внатрешен поредок на организацијата.
Затоа што сите држави во ОН имаат обврска да го чуваат правниот поредок на организацијата на ОН, имаат обврска за делување. Кога на една земја членка драстично се намалени права и е дискриминарана го доведува до прашање и системот на претставување во ОН регулиран со клучни правни норми на организацијата, тогаш нормално се поставува прашање на кој начин таа треба да го заштити тој својот правен поредок.
Тука воопшто нема да има дилема дека такво нешто може да се прави, и да настават со преговорите со Грција. Ние може да наставиме да преговараме а генеаралното собрание по наша инцијатива нека постави прашање до МСП, а ако се е во ред, ако ништо не е прекршено , ако претходното правно прашање во врска со дополнителни услови , се процени дека не се дополнителни, тогаш ние немаме ништо против преговорите. Меѓутоа, ако судот искаже дека такви дополнителни услови се нелегални , дека преговорите се нелегелни , тогаш ние можеме и веднаш да престанеме со преговорите. Генералното собрание ако се прифати такво поволно мислење , ке значи дека не мора понатаму воопшто да преговараме со Грција. Такви разговори постануваат беспредметни Доколку ништо не се преземе, и доколку и натаму РМ ги води тие преговори, држава ќе остане во една голема изолација , голем број години, или ако тоа не е случај, ќе биде во ситуација на капитулација и по грчка желба ке си го промени името. Грците сега поставуваат се нови и нови услови, и барања, и на крај ќе ја донесат Македонија до едно понижувачко ниво, каде ќе мора да се понижи и признае пред целиот свет дека сите овие години грешела, дека сите овие години Грците биле во право, и тоа ќе биде едно максимално понижување. И кога Гркот знае дека ние немаме никаква акција, тој може било како да те уценува, гњави, поставува услови и на крајот да наметне услови што ќе бидат по нивен каприц, и желба да направат што поголема беља.
Значи, ако Македонија сака да се извлече, таа мора гордо да настапува, ако не оди во тој правец, тогаш треба да го прифати пораз.бидејки добиваме име во ОН. И во таа смисла, значи та опозиција несвесно оди во полза на Грција. Грција врши притисок, и смета дека тука нема никакво решение, дека Македонија поради сопствените слабости ќе мора да прифати какво било решение, и нормално не им се брза. Македонија исто така не сака тоа да го реши,туку и таа купува време, меѓутоа, сетоа тоа заедно оди во полза на Грција и тоа Грците го знаат.

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...