Skip to main content

ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА “ОДБЛЕСОЦИ НА ВЕЛГОШТИ И СВЕТА ПЕТКА“


И како што најавуваме за новото дело во македонската книжевност, на 20 декемри, се промовира книгата “Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка.“ Промоцијата се одржа во училиштето Живко Чинго во Велгошти во присуство на голем број љубители на пишаниот збор. Присутните со посебна радост ја следеа промоцијта на едно вакво дело кое открива важни детали од нашата историја, податоци за Велгошти и постоењето на црквата Света Петка која претставува светилиште и заштитник на селото Велгошти. Промотори на книгата беа Ана Калајџиевска и Љубица Чифлигароска. 
Во вториот дел пристутните ги проследија настапите со свои песни на Ленче Ристеска, Жаклина Ристовска, Ване Лозаноски и други. Исто така беа прочитани и песни од наши соработници, поети, писатели од дијаспората,Рада Видиновска, Гордана Димовска, Марија Црвенкоска. Им благодариме на учениците при училиштето Живко Чинго за поетското читање со што допринесоа во успешното презентирање на нашите песни и дела.
Настанот го следеше и телевизиската екипа на ТВМ.

Ванѓелко Лозаноски

Прилог објавен и на ТВМ

„Одблесоците на Велгошти и манастирот Св. Петка“, запис за минатото и сегашноста
Убавината на манастирот Св. Петка во Велгошти кој се издигнува како пуст остров во море од зеленило, историското минато на ова живописно село и прекрасната панорама на градот Охрид која се протега од дворот на црквата и ти го одзема здивот, се причините што Ванѓелко Лозаноски пред речиси две години започнал да го пишува делото „Одблесоците на Велгошти и манастирот Св. Петка“. Ретко во историјата на Македонија имало вакво поврзување на еден манастир и местото каде тој се наоѓа. Велгошти, велгоштани и манастирот Св. Петка имаат нераскинлива врска со векови наназад. Доколку велгоштанец се заколне во Св. Петка тоа е закон дека ќе ја исполни заклетвата, вели авторо Ванѓелко Лозаноски. За ова дело да ја види светлината на денот авторот Лозаноски имал помош од повеќе соработници. Коавторот Љубица Чифлигароска вели дека идејата за да се создаде оваа книга тлеела од поодамна и чекала погоден момент за реализација. И коавторот Ленче Трајаноска Николоска не ја крие среќата што е дел од овој проект. Јас сум велгоштанка и точно го знам значењето на овој манастир за мештаните и селото. Тоа е нешто што тешко се опишува со зборови, вели Николоска. Инаку, планирано е во текот на месец февруари да се издаде уште едно дополнето издание бидејќи има уште многу материјали и за селото и за манастирот кои не се објавени во ова дело. (ТВМ)

Мacedonian Timeline
Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...