Saturday, February 22, 2014

ЉУБОВТА, ВЕЧЕН ИЗВОР ЗА ПОЕТИТE

Како што најавивме во минатите броеви , се одржа промоцијата на младиот поет, Христијан Лозаноски за неговата книга “Љубовта ѕвезда и сила на животот“. Промоцијата повеќе од успешна, попратена со аплаузи и голем интерес за љубовната поезија која не можеа поинаку да ја наречат освен - огледало на душата.
Христијан Лозаноски во почетокот на, оваа година на македонската и светската читателска публика и на вљубениците на напишаниот збор им ја подарува оваа стихозбирката. блиска за сите генерации. Магичен поетски стил зацртува во страниците на оваа книга. Песните се како бисерни- извори од длабината на душата.
Поетот понесен и инспириран од жовотот, од неговите виори и искрена опојна љубов.. Успешно низ стиховите ја разоткрива љубовта, со нејзините возбудливи неочекувани противречности, неочекувани заплети и расплети. Се нижат возбудливи неоткриени длабоки тајни, се наѕираат непредвидени понори, извираат реки понорници, спротивно блескааат возввишени горди и радосни настани низ ѕвездените одблесоци. Љубовта често зрачи и со виолетова светлина низ која ѕиркаат опојни радосни мигови. Се открива света мисла за љубовта, како дијаманска светлина за љубовта секој треба да се бори и избори, како за нешто свето. Таа дава не само сила и мудрост, туку и успеси и подвизи. Низ љубовните песни, љубовта не е само еден бисер, еден поток, еден извор, еден осамена роза, таа е поголема разлистана, расцветана гранка од возвишените небески простори. Љубовта низ призмата игрева низ повеќе димензии, љубовта кон омилената,, посакуваната и блиската до срцето.Љубената ја возвишува до височините, таа е негова ѕвезда.
Ги милував твоите усни,
црвени како свежите јагоди.
Беше моја убавина,
моја среќна ѕвезда
,Христијан е поборник за искрена љубов и верува во љубовното крунисување и подигање на љубовниот пехар, налеан со румено вино. а во виното е вистината. И оваа книга е вистински мозаик на животот.. Поетот има јасна цел и света мисла, секој да се најде во виорите на животот и на патот на љубовната раскрсница да го открие вистинскиот пат кој води до срцето и душата. Љубовта за поетот е божествен напиток кој го движи низ успесите и го внесува во радоста и подвизите на љубовните доживувања. Љубовта е посветла од изгревот на сонцето и од небесните ѕвезди
Не се ѕвездите толку опивливи
како што се твоите медни усни.


Христијан во оваа стихозбирка на љубовта и дава централно место ја воспева љубовта како највозвишениот чин во жовотот на човештвото-силен духовен двигател. Низ сите нејзини текови, од погледот, копнежот запалените љубовни страсти, до големите неочекувани виори, болки, страдања. Разочараност, тага, страдање по загубената љубов. Горки стихови по невозвратената љубов.Љубовта се движи час како извор бистар и носи топлина милина, понекогаш како студена буица и смрзната вода. Ранлива со студени аморни стрели, а расцветана како роза со опоен мирис. Лозановски, се гордее, плива во среќа кога љубовта му е возвратена, страда се бори за љубувта која се повлекува од него како водата од брегот. Пишува со занес кога е восхитен, кога го огрева љубовта, таа е преставена како роза, како сонце, како милина која неможе да се опише. Поетот пее и за неговите блиски.
Наша препорака е да се прочита оваа необична литературна рефлексија, исплетена од милозвучни и искрени зборови, исполнета со топли и уште поискрени чувства и емоции, во кои колку што има љубов, толку има и вистина, а и едното и другото ни се толку потребни на сите нас, без разлика на тоа дали сме или сме биле вљубени. Љубовта го движи светот.

За Macedonian timeline - Ванѓелко Лозаноски

ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Белче со години љубоморно во своите вредности го крие младиот поет Христијан Лозановски. По нашето патешествение по сокриените и неафирмирани поети, успеавме да го откриеме со неговата поезија и да го разлистаме низ неговите песни. Рака на срце се восхитивме од она што беше пред нас, секоја песна криеше доживеана љубовна-опојна тајна. Христијан со оваа книга се вселува во македонското поетско соѕвездие. Млад автор со својата разиграна поезија и со неговите погледи и визии за животот. Да се отвори душата кон читателот е големо мајсторство на поетот. Христијан со силината и моќта на зборот и мислата, одкраднати од дворецот на мудроста, со филозофијата и одблесоците на поетскиот свет. Успеал да создаде поезија –милина за секој вљубеник во литературата. Песните,стиховите, го води читателот надвор од реалноста до силата на хипноза, низ подсвеста, до силината негова,бескрајна- космичка.
Подвлекуваме почитувани читатели,пред вас стојат страници исполнети со стиховите на младиот поет Христијан. Стихови исполнети со љубов, непосакувани љубовни страдања, неправда од страна на саканата, царство од мечти изѕидано врз спомените и потајна надеж за некоја нова љубов. Стихови кои ќе летаат со крилјата на времето и младиот поет засекогаш ќе го сместат под соѕвездието наречено поетско творештво. Оваа книга е огледало на душата на поетот. Се нижат стихови во недоглед, како птици во небесен лет, на бисерно соѕвездие. Поетот понесен од свои чувства и неговот оразиграно срце, твори опоен од убавината на милата девојка-самовила во неговите очи која зрачи со своите опојни погледи. Болката од изгубената љубов му го гризе срцето,му ги маѓепсува емоциите и му го покорува разумот,но тој гордо чекори низ својот поетски свет со силна верба,ќе отвори нови хоризонти,ќе возвиши неговата надеж и ќе заискри силната љубов. Или можеби на пола пат ќе ја сретне најголемата љубов и ќе му ги оживее спомените стари. Поетот во својата поезија навлегува во ѕвездените простори на заносната љубов која како сонце го огрева и го возвишува, во походите од животот и му открива нови хоризонти и подвизи.

 За Macedonian timeline Ленче Трајановска Николоска



1 comment:

  1. I am really surprised by the quality of your constant posts.You really are a genius, I feel blessed to be a regular reader of such a blog Thanks so much..I’m really enjoying the design and layout of your site. It’s a very easy on the eyes which makes it much more pleasant for me to come here and visit more often. Did you hire out a designer to create your theme? Excellent work!
    Onlinekaj.com
    ভিটমেট plz sir Don't delate my comment, It’s dependent my future Thank you..

    ReplyDelete