Skip to main content

ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА 2 0 1 4


По повод големиот и значаен ден од македонската историја,  2 август – Илинден,  во Македонија но и во светот каде што живеат Македонци, се одржуваат голем број манифестации, собири, под мотото ‘Од сон до сонце‘. И во славното историско Крушево, на достоен и свечен начин ќе се одбележи овој ден. Комитетот на научно културните средби Десет дена Крушевска Република ја подготви следнава програма:

НКС ,,ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА 2 0 1 4
30 јули (среда)
12:00 – 13:00 Прес конференција – запознавање на јавноста со програмата „Крушевска Република – 2014“ (локација: хотел Монтана Палас - Крушево)
Во чест на Крушевската Република – првата Република на Балканот
31 јули (четврток)
18:00 - 18:30 Крушево - Пристигнување на коњаниците - Коњаница
„Илинденски марш 1978“-Лисиче, - Пешадија - марш „Христо Узунов“- Охрид -
Коњаница Бигорски Манастир „Патот на црешовото топче“ (локација: Пред столбот
на Крушевската Република)
20:00 – 24:00 Целовечерен настан во организација на Коњаница
Бигорски Манастир „Патот на црешовото топче“- Варење на казан со грав со
сланина (локација: логор на коњаниците)
1 август (петок) Отварање на НКС “Десет дена Крушевска Република 2012”
12:00 - 13:00 Посета на спомен куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев
18:00 – 18:30 Доаѓање на коњаниците пред столбот на Крушевската Република Делегацијата за полагање цвеќе предводена од коњаницата се движи од пред Столбот на Крушевската Република кон Гумење. Коњаницата останува на Гумење
18:30 – 19:30 Полагање цвеќе: - на средина во криптата на илинденските востаници - пред бистата на Веле Марков, - на гробот на Питу Гули - пред споменикот на партизанските гробишта - на гробот на Тоше Проески
20:30 – 21:30 Церемонија на отварање на НКС “Десет дена Крушевска Република 2014” (локација: Гумење) - интонирање на химната на Република Македонија
- обраќање на Градоначалникот на Општина Крушево
- обраќање на Претседателот на НКС ,,Десет Дена Крушевска Република,,
- Доделување плакети:
1. Александар Сариевски (постхумно) 2. Александар Маткоски (постхумно) 3. Кожувчанка ДОО – Кавадарци
- читање на манифестот на Крушевската Република
- церемонија на изнесување и подигање на бајракот на столбот на
Крушевската Република (гарда на АРМ) - (локација Гумење)
21:30 – 24:00 Културна-уметничка програма
- Ѓоко Танески - Фантастик бенд (локација: Гумење)
00:00 – 00:30 -Огнометот и импровизација на пукањето на топчето.
- Патриотска музика (од разглас)
1. Македонска Заклетва / Macedonian attestation  2. МЕЧКИН КАМЕН
ПАМЕТИ- Група „ОАЗА" 3. ГОЦЕВАТА ПОРАКА- Пепи Бафтировски 4. Ај излези
Ѓурѓо – „Македонски мерак“ 5. Згрмеле топови (Јонче Христовски) 6. Народе
Македонски(Симеон Гугуловски)
2 август (сабота) “Во чест на Илинден”
09:30 – 10:00 Полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев
10:00 - 10:30 Полагање на свежо цвеќе на хероите на споменикот Слива 10:30 –
11:15 Панихида Храм Св.Никола
12:00 – 13:30 Во чест на Крушевската Република – првата Република на Балканот (Мечкин Камен)
12:00 – 12:10 Поздрав на коњаницата проследена со костимирана придружба (во позадина Молитва од Ниче- ДВД)
- Коњаница „Илинденски марш 1978“-Лисиче, - Пешадија – марш „Христо Узунов“- Охрид - Коњаница Бигорски Манастир „Патот на црешовото топче“
12:10 – 12:25 Полагање на цвеќе и венци на Мечкин Камен
12:25 – 12:30 Интонирање на химната на Република Македонија во живо
12:30 – 12:45 Обраќање на Претседателот на Собрание на РМ
12:45 – 13:30 Културно уметничка програма АФ „Гоце Делчев“
13.30 Изложба во Хотел Монтана ( Поликсена)
13:30 – 14:30 Коктел во хотел Монтана 20:30 Музика на традиционален јапонски инструмент во изведба на Сасаки Тору и изведба на јапонски танци
3 август (недела) Вечер посветена на Питу Гули (влашка вечер)
20:00 – 20:45 Настап на Florentina Costea
20:45 – 22:30 Проекција на филмот "Nu hiu faimos, ama hiu arman" во режија на Toma Enache (организација: Лига на Власите од Република Македонија) (локација: Плоштад „Никола Мартиновски“)
4 август (понеделник) Во спомен на жртвите на холокаустот и во чест на сите Евреи кои се бореле за самостојна Македонија.
20:30 Проекција на филмот „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“ (организација: Фонд на Холокаустот на Евреите во Македонија) (локација: Плоштад „Никола Мартиновски“)
5 август (вторник) Македонски народни песни испеани од грлото на Миле Кузманоски 
21:00 Целовечерен концерт на Миле Кузманоски (локација: Плоштад
„Никола Мартиновски“)
6 август (среда) Вечер на Оперски Дуети “Љубовни Приказни”
20:30 Концерт Билјана Јосифов – сопран и Дарко Нешковски – тенор
7 август (четврток) Гостување на Маврово и Ростуше во Крушевската Република
20:00 Настап на музичката група „Распеани Крушевчани“ и играорната група „Наум Наумовски Борче“ Организатор: Здружение на граѓани за култура и уметност АН-Блок Скопје (локација: Плоштад „Никола Мартиновски“)  (локација: Плоштад „Никола Мартиновски“)
20:30 Културно - уметничка програма во организација на Општина Маврово-Ростуше
8 август (петок) Гостување на Македонски Брод во Крушевската Република
20:30 Културно уметничка програма во организација на општина Македонски Брод - КУД 7-Ми Септември со изворни ора и сплет кореографии од републикава, - Оркестарот на народни инструменти кој ќе ги прати играорците и вокалната група, и - Вокална група со изворни песни од Поречието (локација: Плоштад „Никола Мартиновски“)
9 август (сабота) Гостување на Мала Преспа во Крушевската Република
20:30 Културно уметничка програма во организација на општина Мала Преспа (локација: Плоштад „Никола Мартиновски“)
10 август (недела) Затворање на манифестацијата НКС “Десет Дена Крушевска Република 2014”
21:00 Настап на етно музичка група „Љубојна“.
22:30 Церемонија на спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба за хероите на Илинден и Крушевската Република (гарда на АРМ). (локација: Гумење)


Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.