Skip to main content

ПЕТТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ


                                                                           23 – 24 јули 2014 година                                                                 
Амфитеатар на МНР
Скопје – Република Македонија

ПРОГРАМА

23 ЈУЛИ

09:00ч - 10:00ч      Регистрација на учесниците
10:00ч - 10:30ч      Поздравни говори

ПРВА ТЕМА: Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи


Модератор: Билјана Костова
10:30ч 12:00ч
- претставник на Министерство за образование и наука
- Марина Димитриева Ѓорѓиева претставник на Биро за развој на образованието
- Излагање на Лилјана Лазареска професор по македонски јазик во Јабука, Република Србија на тема: “Проблеми и потреби при изведување на настава по македонски јазик во средини во кои досега не се изучувал јазикот
- Излагање на Лилјана Стоилковска Андовска од КСД "Македонија" – Малме, Шведска на тема: Чување и негување на македонскиот јазик низ разни форми во дијаспората
- Излагање на Марта Елефтеријадис наставник по македонски јазик во Викторија, Австралија на тема: “Искуство и значење во чувањето и негувањето на македонскиот јазик во иселеништвото
- Излагање на Васил Тоциновски од Заедница на Македонците во Република Хрватска – Загреб, Република Хрватска на тема: Македонскиот јазик во образовниот систем на Република Хрватска
- Излагање на Анета Бурсиќ од Женски актив – Гиславед, Шведска и Македонски сојуз во Шведска – Шведска на тема: Настава по мајчин јазик во Шведска
- Излагање на Заим Шаќири – Училиште Битолски конгес (Kongresi i Manastirit)” – Чикаго, САД

12:00ч –12:15ч Пауза

12:15ч –12:45ч Прашања по темата и заклучок


12:45ч -13:00ч
Промоција на уметнички слики и поезија од Силвана Миленкова иселеник-поет од Данска

13:00ч - 14:00ч Пауза за закуска*

14:00ч -14:15ч
Промоција на книгата Анатомија на чувствата од Лилјана Стоилковска Андовска иселеник –поет од Малме, Шведска
Промотор: Венко Андоновски

14:15ч -14:30ч
Промоција на книгата Вечна светлина над Македонија од Гордана Димовска иселеник – поет од Малбурн, Австралија
Промотор: Вангелко Лозаноски

14:30ч -16:00ч
Ирина Кроткова претставник на Министерството за култура - подетална презентација на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културатаи излагање за предвидените програми на Министерството за култура со кои се негува македонската култура во дијаспората, активности за промовирање и заштита на македонскиот јазик и дијалектите и организирање на културни манифестации во странство со цел зацврстување на врските со матичната земја
- претставник на Министерството за надворешни работи - информирање за Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на македонското национално малцинство и дијаспората од Република Македонија.
- Излагање на Соња Спироска Остојиќ од Здружение на Македонците - Бања Лука, Босна и Херцеговина на тема: Промоција на македонската култура во Босна и Херцеговина
- Излагање на Сузана Сурловска – Ѓеоргиевска од Асоцијација Блаже Конески, Франција на тема: Чување и негување на македонскиот јазик и култура
- Излагање на Гоце Ангелкоски од Македонска христијанска религиозна општина Св. Никола – Виена, Австрија на тема: Чување и негување на македонскиот јазик и култура
- Излагање на Инес Цебовиќ од Македонско-хрватско здружение Спектрум – Загреб, Република Хрватска на тема: Ситуација на македонското во Хрватска и хрватското во Македонија - состојба на студенти и млади луѓе
- Излагање на претставник од Здружение “Филип II Македонски”-Копенхаген, Данска
- Излагање на Ердован Етовски - МД "Мак-Мел" – Бургдорф, Швајцарија
16:00ч –16:30ч
- Прашања по темата и заклучок
24 јули

09:00ч –10:00ч
ВТОРА ТЕМА: Државјанство и избирачко право
Модератор: Виолета Секулова
- Елизабета Поповска Томова претставник од Министерство за внатрешни работи
- претставник од Државна изборна комисија
- Прашања по темата и заклучок

10:00ч –10:15ч Пауза

10:15ч –11:50ч
ТРЕТА ТЕМА: Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии
Модератор: Искра Тројачанец Најденовска
- Излагање на Александар Спасов од Светски македонски младински конгрес – Германија на тема: “Македонската научна и академска дијаспора
- Излагање на Гоце Дуртаноски од Светски македонски младински конгрес- Германија на тема: Граѓанската дипломатија и афирмација на Македонија во светот
- Излагање на Кирил Котевски од Здружението Филип II Македонски” – Копенхаген, Данска на тема: Тесна соработка на македонската дијаспора со Република Македонија и координација помеѓу дијаспората со посебен акцент ставен на Европа
- Излагање на Трајче Бошковски од Австралиска хуманитарна помош за Македонија АХАМ – Австралија на тема: Поврзаноста на хуманитарните македонски огранизации со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и давање на помош посебно за постарите и болни луѓе во Републиката како и подобрување на условите во македонските болници
- Излагање на Славе Груевски од Национален совет на македонската национална заедница во Република Србија - Република Србија
- Излагање на Васко Ангеловски од Охридско социјално друштво ”Св.Наум Охридски” - Мелбурн, Австралија и Mакедонската радио програма “Трипл зет” - Мелбурн, Австралија на тема: “Самоорганизираност, програмски предизвици и релации со Агенцијата за иселеништво”
- Излагање на Славица Вајт од Македонски совет за промоција и развој – Лондон, Велика Британија и Фондација Кирил ТрајковскиВелика Британија на тема: Работата и постигнувањата на Фондацијата Кирил Трајковски
- Излагање на Емилиа Котевска Аврамчева од Здружението на Полско-Македонско пријателство – Варшава, Полска на тема: Македонците во Полска од 1949 година па навака
- Излагање на Астрит Мехмети од Албанско американско друштво Преспа- Чикаго, САД
- Прашања по темата и заклучок

11:50ч-12:00ч
Примопредавање на комплет од едицијата 135 тома македонска книжевност преведена на англиски јазик од страна на НУ НУБ Св. Климент Охридски Скопје на Гоце Дуртаноски предавач на Летонската христијанска академија во Рига како донација за Националната библиотека во Рига – Литванија

12:00ч –12:15ч Пауза

12:15ч -13:00ч
ЧЕТВРТА ТЕМА: Остварување на пензиско право на иселениците
 Модератор: Виолета Секулова
- претставник на Фондот за пезиско и инвалидско осигурување на Македонија со излагање за остварување на пензиското право на иселениците
- Прашања по темата и заклучок

13:00ч –14:00ч Пауза за закуска*

Завршни дискусии: Прашања и одговори со пратениците од дијаспората
Модератор: Дора Ангелова
14:00ч –14:45ч
- Ристо Манчев пратеник во Собранието на Република Македонија (Европа и Африка, Изборна единица број 7)
14:45ч – 15:30ч
- Павле Саздов пратеник во Собранието на Република Македонија (Северна и Јужна Америка, Изборна единица број 8)
15:30ч – 16:15ч
-  Васко Наумовски пратеник во Собранието на Република Македонија (Австралија и Азија, Изборна единица број 9)

18:30ч –20:00ч
Свечено затворање на Четвртата годишна конференција на иселенички организации и доделување на одликувања и признанија “Македонија памти” за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов
Национална установа – Музеј на македонската борба за државност и самостојност

* закуска обезбедена од организаторот 

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.