Wednesday, May 13, 2015

МАЈЧИНИОТ ГЛАС

Во ноќта тивка и пуста,
Погледнав горе и видов ѕвезди рој,
Со скршено срце, со тажна душа
Барав небо, барав спас, ми треба некој глас.
О сјајна ѕвездо, ти сестро мила
Погледни ме и кажи, што сторив, што згрешив
Да застанам или да продолжам!

Судба ли ми била најтешко да видам
Остави ме да одам по својот пат
Да стигнам таму каде сум јас, само јас

Го чувствувам денот, го гледам сонот
Мојот последен сон, таму е мајка, мојата мила мајка
И чиниш ти зборува силно, те теши и гушка
Tи изоди го патот ќерко, тој е само твој
Така мајка ќе те прати како ѕвезда на небесниот свод
Ти знаеш каде, ти знаеш зошто, ти знаеш како!
Не дозволи никој да те врати назад,
Чекор напред е чекор до врвот,
Ти умееш сама, ти моја ќерко сакана!

Автор: Гордана Димовска 



Majciniot glas - avtor: Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment