Skip to main content

ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА “ДОЖИВУВАЊАТА НА МАЛАТА АНГЕЛА“


Најнова книга на Љубители на литература, култура и наука “Св. Висарион“
“Доживувањата на малата Ангела“
На 24 - ти мај во Домот на културата во Охрид се одржа промоција на новото издание на Љубители на литературе, култура и наука “Св. Висарион“, книгата од Ангела Маркоска “Доживувањата на Ангела“. Оваа книга е дело кое останува како сведок за едно девојче кое го сака животот и успева да преброди тежок период.Младата писателка пишува за нејзината борба со леукемијата и нејзиното болно, тешко искуство низ кое помина. После тешката борба Маркоска е излекувана, а нејзина цел е да со оваа книга им даде надеж на сите оние кои поминуваат низ пеколот низ кој поминала и самата.
Елизабета Настеска Велјаноска која е промотор на оваа книга вели дека последните неколку 3-4 месеци оваа книга и покажала дека ова е дело кое ќе остане и секој ќе го памети. Таа додава дека младата писателка има потенцијал за уште многу други дела во иднина . Ванѓелко Лозаноски кој е издавач од здружението „ Висарион“ за книгата „ Доживувањата на Ангела“ вели дека станува збор за дело кое младата поетеса ја прави посебна и го покажува својот потенцијал и во иднина да пишува . Од првиот момент кога го запознав девојчето кое многу малечко мораше да се соочи со суровата реалност бев воодушевена , вели Љубица Чифлигароска одделенски наставник . Таа додава дека преку пишаниот збор Маркоска успева да ги изрази своите измешани емоции од битката од која излегува како победник . Доживувањата кои ги опишува се со една единствена цел да им даде надеж на сите кои се соочуваат со вакви тешки моменти .



Мacedonian timeline 

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.