Skip to main content

ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

На 24-ти јануар  Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ Крушево и Љубители на литература, култура и наука-Свети Висарион,  Демир Хисар, организираа научно –поетска средба во чест на големиот македонски музичар и пејач, Тоше Проески. Во неговото родно Крушево каде денес е и неговото вечно почивалиште беа поканети да присуствуваат сите вљубеници во неговото епохално музичко творештво. Тоше Проески со својата песна и љубов го освои светот а ова што го направија организаторите е доказ за нивната неуморна работа и бескрајна почит кон она што со голема љубов го работеше прерано загинатата музичка ѕвезда, Тоше Проески.

СО ЉУБОВ ЗА СИНОТ НА  КРУШЕВО И МАКЕДОНИЈА
Беше прочитан рефератот „Со љубовта и песната Тоше го освои светот.“ а се рецитираа и песни посветени на Тоше.
Ванѓелко Лозаноски рече: Тоше пееше на повеќе јазици, Македонски, Влашки, Англиски,, Српски, Хрватски. По примерот на Крсте Мисирков, кој познаваше 27 јазици. Ако Александар Македонски со војна сакаше да го освои светот,  Тоше тоа го правеше со  љубов и песна...Тоше Проески, не одеше со безбедност,во градовите и земјите, а беше дочекуван со цвеќиња од децата, бакнежи од девојките, прегратки од младината , а му се поклонуваа и возрасните. По трагичното погибие сите ученици станаа поети и писатели за Тоше Проески. Ова беше вистинско чудо и се палеа илјадници  свеќи секаде низ светот.
Организатори на оваа манифестација беа Љубители на литература и Наука-Свети Висарион и Домот на културата од Крушево отворија нова страница на вечните светлина на Тоше Проески.
На крајот организаторите и гостите се поклонија на гробот на незаборавната македонска легенда Тоше Проески.


Во програмата беа опфатени:
1. Поздравен говор на директорот на Домот на Културата-Крушево  Сашо Дамјаноски
2.Ванѓелко Лозаноски
„Ангелот македонски со песната и љубовта го освои светот“
3.Ивана Поповска со свои лични песни посветени на Тоше Проески
 5 Поети од родниот град на Тоше Проески.
 6. Преставување на книгата на Ивона   Поповска-
7. Гости поети







Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...