Tuesday, April 19, 2016

МАКЕДОНСКИОТ КОД НИЗ ДЕЛАТА НА ВАНГЕЛКО ЛОЗАНОСКИ

Истражувам низ сите градови, предели, села низ Македонија каде македонската историја оставила длабоки корени. И така моите дела стануваат секој ден се посодржајни, побогати за настани, херои, подвизи. Низ нив се открива македонската вековно патешествие. 
Се што е напишано е во сооднос на историската вистина. Токму моите книги ги гледам како отсликување на јазичната, литературната и револуционерната историја на Македонија. - Вангелко Лозаноски

Љ.Поповска - Повод објавувањето на романот "Единствена моја љубена, ќе те пронајдам на крајот на светот",прв ваш роман од овој вид . Романот изобилува со емоции и љубов и нејзината универзалност, љубов кон саканата, кон Македонија. Опис на убавините на Македонија и напуштање на Македонија од страна на младите.
Која беше вашата инспирација и како течеа подготовките при пишувањето на овај роман?
 В. Лозаноски: Романот во мене постоеше и имаше свој развоен тек, од реален настан од моето село. Даме, главниот лик во романот и денес, како да го гледам во цветот на својата младост. Љубезен и милозлив, зрачеше позитивна енергија, секој посакуваше да се насмее, да размени мислење, близок за сите генерации. Неговата младост и заљубеност ја надополнуваше најубавата девојка во селото, од  која беше опоена цела Кичевија. Вистински идеален пар, опишан во легендите и приказните. Беа неразделни и во селото на веселбите, празниците. По својот темперамент и искажување на љубовните чувства, си земаа поголема слобода,  како да не живеат во селска средина. Имаа храброст и слобода да се прегрнуваат, бакнуваат каде  душата ги водеше. Често заедно, рака за рака беа видени  заедно крај реките, изворите, имаа вистинска љубов која ги спојуваше и опиваше. И птиците како да создадоа љубовен сонет. И ѕвездите добиваа поубав сјај. Беа оговарани и од децата, до највозрасните. Секако имаше и кои им завидуваа и градеа препреки.
Реална љубовна приказна, можат некои сами да се препознаат, но и тоа е случајност. А имињата  се заменети.


Љ. Поповска : Кој најмногу ви помогна при објавувањето на романот?  
В. Лозаноски: Јас имам подлга творечка активност, од детството, раната младост, па и денес. Романот го пишував кога сакав да се потсетам на моето детство и млади години поминати во Белица. Пишував раскази, песни, драми, сценарија за телевизиски емисии. Бев активен секојдневно на творештвото и следење на литературнот движење во Македонија и светот.
Кога работев на романот, како да потекуваа беличките бистри извори и  реки. Како  да се движев по полето и планината, оживуваа сите убавини.Објавив стручни и научни дела со национална вредност. Романот ми  беше во  омилените дела кои ме одмараа. Ми дојде до  мисла да го испратам до мојата почитувана и вредна соработничка и пријателка на ФБ, Гордана Димовска. Романот е поврзан со драмите на печалбарскиот живот. Таа инспирирана, ми напиша рецензија, која искрено пријатно ме изненади и ме мобилизира да му се посветам на романот. Кога Соња Змејковска го прочита романот, ми испрати исцрпна рецензија. Искрено ме восхити и охрабри. Не се познававме, а станавме пријатели и контактиравме на ФБ. Кога се слушнавме на мобилен, во врска со романот ги слушнав најубавите магични и  убедителни зборови за вредностите на  романот. Но кај мене се уште  не беше созреана одлуката за романот  да го пуштам во печат. Конечната одлука ја донесоа и Гордана и Соња Змејкоска од Македонски Брод. Не смеам да не ги нагласам и убавите мислења за романот пред да влезе во печат и на  Кристина Илиевска, Марија Никодиновска и други соработници од Љубители на литература, култура и наука Св. Висарион
Љ. Поповска: Повод е и објавеното научно дело"Визијата и љубовта на Крсте.П.Мисирков за македонскиот јазик и Македонија" изработено заедно со Милица Паулус.Како дојде до вашата соработка и како течеа подготовките?
В. Лозаноски:  Преку ФБ, станавме истомисленици со Милица Паулус за македонската литература и историските развојни фази на македонскиот јазик во Македонија и светот. Крсте Мисирков, беше најобразованиот лигвист во светот. Мисирков познаваше на 27 јазици и на научна основа ги постави темелите на македонскиот јазик. А го познаваше и англискиот и германскиот јазик. Побуден од литературното творештво на Милица Паулус на германски и македонски, посакав Крсте Мисирков, да го осветлиме во заеднички труд низ светските научни вистини.Мисирков ја бранува научната мисла на македонистите. Истакнат  македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
Секогаш Мисирков прогонуван и гонет дека ја обелодени македонската кристална вистина. Низ сите прогони и измачување тој го запало факелот и го разве над светот за Македонскиот јазик и Македонија. Ја напиша програмата за сплотување на македонскиот народ...Вреди уште да му се посветува поголемо внимание, од научен аспект.
За овој наш заеднички  труд - црпевме, анализиравме и обработувавте податоци од секој можен извор: интернет, списанија и врвни дела

.
Љ. Поповска: Во последно време соработувате и со Соња Змејковска. Што носи таа во себе како помлад ваш научен соработник и на што соработувате односно сега работите?
В. Лозаноски: Соња, работи и твори во Македонски мало гратче, Македонски Брод, како и Демир Хисар. Живее во срцевината на  историските и културните превирања на македонската национална историја. Подрачја со  многу цркви и манастири кои се духовно огледало на Македонија. Со чист литературен, македонски јазик, си изворно народно поетско и прозно творештво, со легенди, преданија, со книжевни традиции низ вековите, со фрески, живописи по манастирите, пред кои и светот се поклонува...Мислам успешно и љубопитно  од изворот  на македонската историја, уметност и литература се напојува и Соња. Таа е импресионирана  и врши секојдневни истражувања на теренот. Соња може да даде изворни податоци за второто издание на Македонски Код кој извира и од облеката, везбата од народната носија и облека. Таа е исполнета со изворното народно македонско творештво и мудро и вешто го врамува во нејзините научни погледи и трудови..Таа се појави со своите романи и песни, но успешна навлегува во научната мисла, проникнува мудро и вешто во македонистиката.

Љ. Поповска: Вие сте Претседател на издавачката дејност"Љубители на литература,култура и наука св.Висарион", Македонија. Од кога постои,како дојдовте на идеја за формирање и работа на оваа издавачка дејност.
В. Лозаноски:  Мојата наставничка и професорска активност во Кичевско и Демир Хисар и мајата дарба и љубов кон напишаниот збор и моите активности на културно-просветната активност во Гимназијата Крсте Мисирков-Демир Хисар ми дадоа  идеја и сила да започнам со издавачка дејност, не само за учениците, туку и возрасните. Името го избрав „ Висарион'-книжевник во Македонија, најплоден  по свети Климент Охридски од 16 век. Висарион творел во манастирот Слепче-Демирхисарско, најсилен книжевен центар во 16 век во Македонија.
Првата книга што ја објавивме е „Непребол за Македонија“од Цветан Соколески, од Шведска“ Оваа книга го отвори патот кон успехот во издавачката дејност. Објавиме книги од ученички и заеднички стихозбирки од учениците и професорите.
Љ. Поповска: Што издавате?
В. Лозаноски:  Нашиот мозаик на издавачка дејност е разновиден поетски, прозни и научни трудови и дела. Од ученици, писатели, поети и научници од Македонија и од Македонци кои пишуваат од целиот свет. Имаме успешни телевизиски сценарија и документарни телевизиски емисии на Македонската телевизија и на локални телевизии
Љ. Поповска : Св.Висарион две децении им ги отвора вратите на оние кои ја сакаат литературата,науката. На кој начин привлекувате соработка со младите литературни творци?

В. Лозаноски:  Ние сме отворени за сите љубители на напишаниот збор, од сите возрасти и од сите делови на Македонија и македонски писатели и научници од дијаспората. Доделуваме признанија и награди за оние кои се истакнуваат. Организираме поетски читања и манифестаци во манастири кои имаат свое место во македонската историја, на значајни празници и слави. Исто организираме и научни средби од областа на народното творештво. Одржуваме промоции во Света Петка-Велгошти, во манастирот Св. Јован Претеча-Слепче, познатата традиционална манифестација во Света Богородица-Суводол Демир Хисар каде се доделуваат награди. 
Љ. Поповска Во вашите дела е пресудна љубовта кон Македонија,националното богаство и христијанството како белег,земја просветителска и мисионерска. Во делата зборувате со факти и ја браните историјата на Македонија. Македонскиот КОД вечно струи низ вашите поетски, писателски и научни дела.Творите и го вадите на виделина исконското наследство оставено од нашата библиска Македонија.Тоа е подарок за идните поколенија на македонскиот народ.
Кои се вашите напишани и објавени книги- дела и од каде ги пронаоѓате и црпите тие непроценливи факти за Македонија?

В. Лозаноски: Истражувам низ сите градови, предели, села низ Македонија каде македонската историја оставила длабоки корени. И така моите дела стануваат секој ден се посодржајни, побогати за настани, херои, подвизи. Низ нив се открива македонската вековно патешествие. 
Се што е напишано е во сооднос на историската вистина. Токму моите книги ги гледам како отсликување на јазичната, литературната и револуционерната историја на Македонија.

Љ. Поповска: Имате објавено значајни дела за македонистиката. Кои се ти ваши книжевни дела?
В. Лозаноски: Љубовта и идејата посилни и од смртта, Македонскиот Свети Климентов Охридски универзитет, Слепченскиот книжевно-уметнички центар, Демирхисар и Демирхисарско низ вековите, Брсјачка буна..Војводата Јордан Пиперката, Манасторот Света Пречиста Кичевска., Одблесоците на Велгошти и манастирот СВЕТА ПЕТКА.

Љ. Поповска: Пишувате и љубовна поезија. Кои се вашите издадени збирки и која е вашата инспирација и идеја?
В. Лозаноски: Љубовната моја поезија е исполнета со емоции, чувства, копнеши и страсти. Првата стихозбирка “Одблесоци на љубовта и мудроста“ беше откупена од Министерството на култура на Македонија. Во оваа стихозбрка има иродољубиви имисловни песни со филозофски погледи. Големата љубов се крунисува и со мудрост. На оваа стихозбирка се надоврзува стихозбиркта ОРХИДЕА, посветена и огреана со голема љубов.
На ФБ, скоро секој ден се јавувам со една или две љубовни песни...ТИЕ МИ СЕ КАКО УТРИНСКО КАФЕ ИЛИ напиток со ВИНО ВО ДЛАБОКИТЕ НОЌИ.
Љ. Поповска: Организатор сте на поетски манифестации и научни средби. Кои манифестации и средби се одржале или се во план?
В.Лозаноски: Поетските средби почесто организираме во целиот тек на годината и промоциите на наши издадени дела или други поети кои посакуваат ние да им организираме. Нашите промоции се во Библиотеки, Домови на култура и во манастирски конаци. На 27 септември во дворот на Св.Богородица-Суводол имаме традиционална манифестација, во соработка со Општина Демир Хисар, во рамките на Демирхисарско културно лето, каде се доделуваат награди
Љ. Поповска: Изработувате проекти и тв емисии од областа на уметноста,туризмот и народното творештво.Во кои списанија и тв емисии ги имате објавено?
В.Лозаноски: Имаме објавено проекти и научни трудови на ТВ ОРБИС- Битола -   ВО ЕМИСИЈАТА  НА ЗЕНИТОТ НА ЅВЕЗДАТА, се дадени емисиите за СВЕТА БОГОРОДИЦА ТРЕСКАВЕЦ- МАНАСТИРОТ ЗРЗЕ, манастири од Охридско, Кичевско, Демирхисарско...Оваа емисија следува и ова лето со нови сценарија.
Љ. Поповска: Вие сте издавач на книгата"Вечна светлина мад Македонија"од Гордана Димовска, литературен,научен творец и поет од дијаспората-од Австралија.Кои се други соработки со неа и на кои книги?
В. Лозаноски: Со Гордана соработуваме  повеќе од три години. Ретки се искрени, вредни , доследни  и успешни соработници како Гордана. Заедно ги објавивме книгите „Од Љубов со Љубов за Македонија”, кое ни е прво дело, кое ни  ja отвори вратата за успеси, потоа, Љубовната Одисеја на Александар Македонски и Бела Ица„ во која книга има и Втор дел за селото Белица и манастирот Св. Александрија, единствен манастир во Македонија.

Како уредник и издавач се посветив  на книгата Вечна светлина над Македонија. Книга за која би нагласил корисна за ученици, наставници и за сите кои се посветени на македонистиката.
Морам да нагласам дека сум импресиониран од нејзината најнова книга , која ќе биде корисна за литературните и научни дејци. И за академиците да проникнат во историски дијамантски светлини за Македонија.
Љ. Поповска: Вашите планови,што следува и што е во фаза на печатење?
В. Лозаноски: И оваа година имаме плодна издавачка дејност на автори од Македонија и дијаспората. Посебно и посветуваме внимание на богатосодржајната книга на Гордана Димовска , која е во завршна фаза пред печат, „ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО” И со оваа книга и со првата нејзина книга  „Вечна светлина мад Македонија" даде драгоцени бисери, податоци за МАКЕДОНИСТИКАТА  и влеа сила да бидеме горди Македонци и ни отвори пат достојно да се бориме за Македонскиот јазик и за Македонија. Ние продолжуваме по успешнит пат зацртан пат на МАКЕДОНИЗМОТ



Разговорот го водеше Љубица Поповска

Interview with Vangelko Lozanoski conducted by Ljubica Popovska
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment