Skip to main content

ОСАМЕНОСТА ОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО


Според истражувањата научниците сметаат дека осаменоста во голем дел го зголемува ризикот од срцев удар или мозочен удар. Последиците од социјална изолација е рамна на состојба загриженост, стрес предизвикан на работно место. Британските научници ги наведуваат овие резултати врз база на нивните испитувања спроведени над 181.000 луѓе. Исто така тие ја нагласуваат загриженоста за големиот импакт што го има социјалната изолација врз менталното здравје и човечката благосостојба.
Од вкупно 181.000 пациенти во ова истражување, 4.680 страдаат од срцеви болести а 3000 доживеале мозочен удар.
Како да се надмине осаменоста :
Стекнување на пријателства, поврзување со семејството и пријателите - посета, телефонски контакти, електронска пошта или видео технологија
Излегување од куќата - одете на  шопинг, вежбање, учење на нешто ново, посета на непознати места, гледање филм, читање книга, хоби
волонтирање во средината во која живеш - да запознаеш нови луѓе да се чувствуваш дека си дел од важна и ценета работа како и поврзување со луѓе
да имаш домашно милениче - делуваат позитивно на расположението и можат да го подобрат вашето физичко и ментално здравје.
One of the hardest part of life is deciding whether to walk away or try harder -  (quote)
Aко љубовта е универзална, никој не треба да биде изоставен.
И тишината има моќ да лекува дури посилно и од зборовите.
Не дозволувај да станеш роб на осаменоста, срцето е доволно големо да се отвори за нова љубов, нови патеки. 

Мacedonian Timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.