
Од тоа чувство
дека “мора“ да се одговори на секој повик, порака, погледнување во
нотификациите на социјалните мрежи, се формира нова култура во комуникацијата. Ако
патуваш со воз, секој еден наведнал глава и гледа во својот мобилен, истата
ситуација и на работните места за време на пауза или ручек, никој не зборува со
никого, секој си е опседнат со гледање во својот мобилен. Значи комуникацијата
во живо е сведена на минимум.
Ексесивното користење
на мобилниот доведува до одвлекување на вниманието, игнорирање на се околу
себе. Најчести појави кои ја нарушуваат нормалната средина се константното
себефотографирање, луѓето се сликаат на секој чекор, секоја минута па дури и по
цена да застанат било каде, да го запрат сообраќајот или движење на пешаците. Од потреба за комуницирање и достапност на секое место и во секое време, мобилните стануваат опсесија, нешто без кое човекот не може да се замисли.
No comments:
Post a Comment