Skip to main content

КУЛТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ВОЗНЕС“ 2014 СО СИЛНА МИСИЈА

Повод за овај напис се признанијата и наградите кои ги добивме јас и Гордана Димовска на Манифестацијата"Вознес 2014" и конкурсот за поезија под името "Битола ,момо нагиздена со што оваа манифестација доби и меѓународен карактер.
Нема град што може да се пофали како Битола да има свој патник низ времето посеано со љубов и топлина од душата збогатено со дела од музата на поезијата.Секој збор,секој чекор,секое утро да биде Битола и само Битола.Сета љубов,сиот живот и енергија да ги внеси во едно капитално дело за Битола,"Перформансите на Широк Сокак".И пред крајот на изодениот животен пат,Битола ја збогати со поетската,културна манифестација"Вознес 2014" за да не ја дочека следната година.
Но,негов наследник стана неговата ќерка Гордана Такец,која во име на таа љубов и тој завет го продолжи"Вознес 2014",зашто сеуште по битолските улици чекори тој,синот на Битола, Димитар Димитровски Такец.
Сета негова енаргија,идеи,љубов,истрајност,упорност и работливост се вселија во неа, и таа продолжи понатаму да го слави ликот и делото на татка си, да ја слави Битола.
Со формирање на Фондацијата Такец,таа го размрда културното  и литературното живеење во градот.
Формирајќи свој стил почна со несмален интензитет да твори и за кратко време издаде неколку романи кои станаа хит во наши услови на живеење.Со несмален интензитет почна и да слика.
Следеа наградни конкурси за поезија,продажни хуманитарни изложби,откривање и промоција на млади поети,промоција на нејзини и книги од други автори.Се'со цел да го прошири и збогати ликовното,просветното и културното  поле во градот.
На конкурсот за поезија"Битола,момо нагиздена"во рамките на манифестацијата"Вознес 2014",а по повод гдишнината од смрта на Димитар Димитровски Такец,Фондацијата ми ги додели наградите.
-ГРАН-ПРИ за песната"Битола,момо нагиздена"
-ПРВО освоено место за песната"Пајтони"
-ПРИЗНАНИЕ-награда за ВОНВРЕМЕНСКА поезија
-ПРИЗНАНИЕ-награда за плодно поетско творештво и ширење на македонизмот преку креативно создавање.
-ПРИЗНАНИЕ "Митровденски битолски медалјони" на Љубица Поповска, ПОЕТЕСА за Борец за макадонската кауза и чувар на аманетот на нашите предци.
Како поклон бев почестена да го добијам капиталното дело на такец"Перформансите на Широк Сокак".Следеа"Хемија"и "Жена безвремена",најновите романи од Гордана Такец,Уметничка слика-нејзино дело,маица со натпис Безвремена,како и Публикацијата"Битола,момо нагиздена" со поезија и од наградените автори.

Љубица Поповска












Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.