УСПЕШЕН КОНЦЕРТ "ХАРМОНИКИТЕ" ОДРЖАН ВО БИТОЛА

На 20.07.2016 година во Магазата, во Битола се одржа Концертот,  Хармониките. Организатори на Концертот се Здружението Непокор и Савевски Продукција. Оваа година Концертот по четврти пат се одржа, а на него учествуваа врвните виртуози на хармониката:  Маестро Милан Завков, Кирил Стојчевски, Мишел Трајковски и Димитар Митровски.
Придружуваа музичарите Златко Петровски, Трајче Ивановски и Ратко Крапчев. Публиката во Магазата и околу Магазата уживаше во прекрасната изведба на виртуозите на хармониката.
Како што изјавија Директорот Сашко Савевски и Уметничкиот Директор Кирил Стојчевски за догодина се очекуваат нови, врвни виртуози на хармониката а се со цел, заштита, промоција и афирмација на Македонската Музика и на Македонските музичари. Од Концертот се очекува и двојно издание на компакт диск и ди ви ди
А исто така Концертот го снимаше ХДТВ Мега и истиот ќе биди одложено емитуван на истата телевизија и на уште 20 тина телевизии низ Македонија.




Macedonian timeline

Comments