Saturday, July 23, 2016

ФОТОГРАФИЈАТА ДЕНЕС

Колку фотографии се потребни од секојдневното излегување на прошетка во продавници, ресторани, свечености, патувања или себеси?  Очигледно е дека на секој чекор и секои десет минути, луѓето фотографираат. Од ексесивното фотографирање човекот ја губи способноста да ги доживува настаните околу себе и способноста да се наврати на нив и самиот. 

Значи се останува во дигиталната меморија а ретко кој и ќе погледне повторно во својот апарат или мобилен, ниту пак ќе извади квалитетни фотографии кои би требало да претставуваат траен спомен или документ на важни предмети или настани.  Дефинитивно, дигиталните камери не само што го променија начинот на кој се фотографира туку го менува и начинот и степенот на способност човекот сам да ги доживува и прераскажува работите. Примарната улога на фотографијата да овековечува специјални настани од животот, денес има улога на средство за комуницирање со пријателите на социјалните мрежи.

Гордана Димовска
Macedonian Timeline

No comments:

Post a Comment