Љубовта е таа е фундаментална честичка на цело битие. Суштинска појава, многу важна за секој сегмент во животот. Основна компонента во ова соедниние наречено живот..."Гордана Б. Николовска
Љ.П - Исклучиво вашите песни се за љубов, зрачат со љубов во сите нејзини облици.Зошто токму љубовта во вашите песни?

Љ.П.Што сте по вокација и колку допринела да бидете заробеник на убавиот збор-поезијата?
Разговорот со Г. Б. Николовска го водеше Љубица Поповска
Macedonian timeline
Macedonian timeline
Г. Б. Николовска По вокација сум дипломиран професор по македонски јазик и книжевност. Дипломирав пред цели 11 години на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „ Блаже Конески “ во Скопје. Отсекогаш ја сакав оваа професија, но, за жал се уште сум без професионален ангажман во мојата стручност. Во текот на студиите и немав некоја потенцирана желба за пишување, можеби некаде длабоко била сокриена и тлеела, за сега наеднаш да направи тотален пресврт во мојот живот. Отсекогаш многу сум читала, исклучиво проза, но, еве се наметна некоја потреба, ни јас не знам како да пишувам поезија и задоволна сум од тоа. Видов дека добро го правам тоа и наидувам на позитивни реакции и сугестии од читателите, кои имале можност да прочитаат дел од моите стихови
Љ.П.Може да се каже дека вашето поетско чекорење почна со песната"Кога душата боли".Кажете нешто повеке за тоа ваше деби ?
Г. Б. Николовска- Можам да кажам дека еден 20- ти октомври 2015 г. го најави моето доаѓање во поезијата, за кое јас не бев ни свесна.Тогаш таа октомвриска вечер земав лист и пенкало и за неколку минути ја напишав мојата прва песна „ Кога душата боли“ и оттаму започна се’. Таа песна најави нов почеток во мојот живот... Многу ме болеше душата, не можев да го искажам тоа во друга форма, па ја отворив душата и ја распослав на хартијата...
Љ.П Кои се вашите почетоци и како течеше поезијата во твојот живот.Што сте издале односно објавиле до сега?
Г. Б. Николовска Ќе биде нескормно ако кажувам дека сум пишувала уште од мала.Моите текстови, моите стихови не стоеја во тетратки сокриени од другите, не беа заклучени во фиоки. Тие беа наталожени во моето, срце, мојот ум. И тој 20-ти октомври веројатно бил предодреден да биде иницијален и да биде старт на моето творење. Оттогаш па до крајот на ноември 2015 г. јас ја напишав мојата збирка љубовна поезија. На печатење ја испратив на 9 -ти декември, за да веќе на 19-ти декември јас ја имам како финален производ. Збирката носи носли наслов „ НЕДОПРЕНА“. Бев многу среќна, задоволна и горда на себе. Тоа е нешто лично мое, мојата душа е во неа....
Љ.П.Член сте на Клубот на писатели од Велес.Каква е твојата и вашата активност во клубот?
Г. Б. Николовска - По издавањето на „ Недопрена“ и нејзината прва промоција на 09.01.2016г. чии промороти беа почитуваните Гордана Такец и Сузана Турунџиева, кои истовремено се и рецензенти, ми се отвори вратата на Клубот на писатели „ Коста Солев Рацин’ - Велес. Станав активен член. Клубот има многу активности,како што се многубројни промоци на дела на родокрајни поети и останати автори, поетски читања, распишува конкурси и др. Клубот две години по ред го издава зборникот „ Велешки поетски пулсирања“ каде се објавени поетски творби на родокрајни поети и млади автори. Во вториот зборник се отпечатени и мои песни, за што сум многу благодарна. Се надевам дека ќе има уште изданија и добра соработка.
Љ.П За кратко време меѓу два Вознеса добивте награда од Фондацијата Такец за "Безвремена збирка љубовна поезија.За која збирка песни и кои други награди сте ги добиле за вашата поезија?
Г. Б. Николовска- Фондацијата Такец од Битола расишуваше конкурси. Јас бев активен учесник на конкурсите, но бев и во редот на добитниците. Добитник сум на прва награда на конкурсот „Го љубам животот“ каде се претставив со прозен текст. Добитник сум на прва награда на песната „ Кога душата боли“ на Битолски митровденски медалјони, добитник сум на прва награда „ Климентова повелба“ за песната „ Страст“. На „ Вознес 2015“ не учествував на конкурсот, затоа што раководниот тим на фондацијата Такец ми ја довери задачата да бидам преседател на стручното жири и да одлучувам на наградите и признанијата на сите учесници кои ги имаше во голем број како од цела Македонија, така и од дијаспората. Беше навистина тешко. Но јас крајно професионално ја извршив поставената задача и среќна сум што го имав конечниот збор, но и задоволна од правилниот избор на творбите на учесниците кои се најдоа на страниците на коавторската публикација “ Битола момо нагиздена“ , чиј уредник сум јас. И многу бев среќна кога ги видов среќните лица на сите учесници , а воедно и јавно изразувам благодарност до претседателката на фондација , Гордана Такец која имаше потполна доверба во мене и во ниеден момент не ми сугерираше околу наградите и добитниците. Јас на „ Вознес 2015“ ја добив наградата за „Безвременска љубовна поезија за збирката Недопрена“ помеѓу двата вонеса.
Г. Б. Николовска - Мојата поезија носи длабока порака. Никогаш не си поигрувајте со туѓите чувства, никогаш не распламтувајте оган во нечие срце ако не сте подгвотвени да горите заедно. Не давајте лажна надеж. Тоа ја разболува душата.Од љубов се раѓаме, за љубов живееме, за љубов умираме. не се важни и годините кога љубовта, онаа вистинската ќе затропа на вратите од нашето срце, затоа секогаш бидете подготвени за нови почетоци. Љубовта е сериозна работа, љубовта не е само збор, љубовта е дар. Љубовта им пришаѓа само на храбрите, а не на страшливците и кукавиците. Љубете и кога не сте љубени, давајте љубов и кога тој/ таа е глув/а и слеп/а за вашето внимание, вашите копнежи и не може или не сака или се плаши да забележи дека тој/ таа таму некаде се всушност вашата инспирација..... дека едноставно го/ја сакате.
Љ.П.- На што сега работите.Кој е твојот инспиративен занес ?
Г. Б. Николовска - Во моментов работам на две нови збирки поезија. Повторно љубовна поезија. Работам и на прозни текстови кои се надевам дека ќе го видат виделото на животот и ќе бидат отпечатени и допрат до срцата на читателите. Разговорот со Г. Б. Николовска го водеше Љубица Поповска
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment