Skip to main content

ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Песната е  посветена на  големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица кој се прославува на 28 август.
      
Автор: Љубица Поповска
Ево и ова утро
коленичам и молитвам
пред твојата икона светла
Мајчице Богородице света.
Дај ми утеха помош и сила
за тагата што налегнала
во срце се свила.
Срцето ми е поделено
на два брега,
нив само мисла и
понекоја солза ги плиска,
а во душава тлее
љубов мајчинска.

На децата дај им топлина,мир
љубов,здравје,среќа секогаш
а топла мисла и поздрав
за мајката понекогаш.
За внуците
и настинката ме боли
чувај ги, пази ги
душава моја те моли.
Мајката е само мајка
мили и се и туѓите деца
мајката ги гледа
за среќата на своите чеда.
Откорни ја тагата
што во мене рие
дај срцето со молитва,
утеха да се напие.
Длабоко во душата
вдахни ми сила и верба
во иднина дај ми
со радоста средба.
За утеха и помош
Те молиме
Пресвета Богородице
Мајко сите,
со добрина и љубов
да ни ги осветлиш дните.
Божјата љубов
нас да не' грее
Божји благослов
над сите наши
најмили и дела
да се лее.
Со радост го чекаме
празникот твој
Пресветла Мајчице
и во молитвите мои.
 It's a morning and i kneel and pray
in front of your icon

Dear Mother of God.
Console me, help me, and give me strenght
 for the sorrow in my the heart .
My heart is divided
in two banks,
splased with only a thought and
occasional tear.
My soul is filled and glow with motherly love.

The poem is written in Honour of Mother of God -The Macedonian Orthodox celebrate Dormition of the Mother of God (Golema Bogorodica) on the 28 of august.

Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.