Автор: Гордана Б. Николовска
Се’ уште го чувствувам мигот
на краткиот кревок колеблив допир,
и сега размислувам за пред и потоа...
Моиве очи само тебе те гледаа,
моево срце само тебе те сакаше...
Знам тешко ти е да поверуваш,
зашто вербата ти е исчезната,
се двоумиш и колебаш,
и многу ме растажуваш.
Но, јасно јас забележав,
дека ти кон нов пат тргнуваш,
рацете кон друга ги подаваш.
НО, што можам јас?
Молчам и не те препознавам,
повеќе ти не си тој што го познавав,
и со тешко освестување си признавам,
дека мигот што го чекав
никогаш нема да го дочекам.
Залудно беше кажаното...
како одек во тишината и празното .
Пречекорив и заминав ,
исправена и горда,
со срушена желба,
со ситен очај,
решителна, а недоречена ,
и засекогаш одречена од љубов отровна и НЕДОПРЕНА.
"Untouched" by Gordana B. Nikolovska
I still feel the moment
the short fragile hesitant touch
and now think about before and after ...
My eyes were looking at you only,
My heart loved you only...
I know you is hard to believe,
because your faith is gone,
pondering and linger
you make me sad.
I can clearly see that,
you heading to a new road,
your hands are reaching somebody else.
BUT, what can I do?
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment