Има многу видови музика и секој си го избира оној вид кој најмногу му лежи на срце. Во денешно време се повеќе е зачестена појавата да странски музичари ја користат старата традиционална музика од Македонија, Србија, Бугарија, Босна во малку поинаков вид. Уникатните звуци како спој на флејта, гитара, хармоника, контрабас во престижниот Melbourne Recital Centre, и прекрасните синхронизирани гласови на Ања Акер и Кирсти Морфет беа како најубава нежна музичка приказна. Тие пееја песни од Србија, Босна, Бугарија, Русија и Македонија. Од македонските беа испеани Зајди Зајди, Стамена, Мајко ќе одам јабана. Ансамблот формиран во 2013 година со цел да ја промовира убавата музика од Балканот, навистина ја остварува целта. Токму нивната уникатност во изведбите не ги оставаат рамнодушни ни најпребирливите во музиката. Привлечни се за сите нации, сите возрасти и овозможуваат да живее традиционалната музика и во рамките на австралиското мултикултурно општество. Досега ансамблот има издадено два исклучително добро примени албуми со ваков вид музика Русе косе и Весела Веселица.
Основачот на овој ансамбал, уметнички директор и вокалист Ања Акер, за Мacedonian timeline изјави: "Го формирав овој ансамбл за промовирање и зачувување на
убавината на традиционалните мелодии од убавиот Балкан и пошироко, збогатени со структура на барок. Многу сакам да го споделам нашето
богато музичко наследство.
Обработувам соодветни теми и сакам да ги доживее публиката како приказни, блиски на нив.
Мојата музичари се со посебен талент и и даваат уникатен белег на песните кои ги обработуваме. и може да се донесе нивниот
уникатен допир на оваа музика и истовремено да се забавуваат.
Но најмногу ми се допаѓа кога луѓето емотивно ја доживаат нашата музика, без оглед на нивните нација; На пример, вчера, имаше
една жена од Нов Зеланд кој зборуваше само на англиски јазик, но беше воодушевена и
плачеше."
Во составот на овој ансамбл се: Ања Акер (Anja Acker), Кирсти Морфет (Kirsty Morhett), Доналд Николсон,(Donald Nicolson) Мајкл О Конор (Michael O Connor), Ендрју Танер( Andrew Tanner), Метју Хорсли (Matthew Horsley).
Anja Acker - the founder, Artistic Director and vocalist of the Anja &Zlatna ensamble said: "I formed this ensemble to promote and preserve the beauty of traditional melodies from the beautiful Balkans and beyond, enhancing them with the structural architecture of baroque. I want to share our rich and extraordinary musical heritage.
I like doing themes so that there is a narrative that engages people with the music .
My musicians are versatile and able to bring their unique touch to this music...it is sort of fun!
But, I love most of all that people relate to our music emotionally, regardless of their nations; for example, yesterday, there was a lady from NZ who speaks only English, but was moved and cried
Гордана Димовска
Gordana Dimovska
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment