Автор: Љубица Поповска
Корени
Опустеа села,
замина младина цела
се растури по светот цел
за нова надеж
и леб
бел.
Створија седела свои
и пилци израснаа нови.
Нов пород од род
Македонски
во новиот свет
се створи.
Нови фиданки никнаа
по цел свет,
налет на нов
зрак,
нов цвет.
Љубовта
-сончеви зраци штит
да го чуваат
Македонијо
твојот светол лик.
Зашто
Македонска крв
во жилите им тече
а,таа крвта
да се вратат
да те бранат
ќе ги влече.
Кандилото Македонско
со вечен оган гори
заедно со нивната љубов
тој пламен повеќе збори.
За Македонија
ние им кажуваме,
со душа
со песна
им раскажуваме,
но само неколку
збора треба
да се знае вистината
за Македонските неба,
за Александар Македонски
Св. Кирил и Методиj
Св. Климент и Наум...
Тоа се зборови
тоа се збир слова
и дела
што ја кажуваат
вистината за
Македонија.
“Корени“, избор од најновата книга во печат на Љубица Поповска “Македонски непребол и гордост“
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment