Monday, March 20, 2017

СЕКОГАШ СО НАДЕЖ

Во тивкото предвечерие
И одот ти забавил
 мислите како олово тешки
ја исполниле твојата глава.
Продолжи да одиш, да чекориш смело
И ѕвездите горе, твоите другарки во ноќта
Го следат твојот чекор и прават патека
која ти замислена не ја ни гледаш
се бориш самата со себе
мракот кој те опфатил и те мачи.

Не ја угушувај радоста затоа што некој те ранил
надежта е тука, тлее но силно ќе се разгори
и ти ќе ја оствариш големата желба
мрачните мисли се само мисли
избриши ги, отвори нови хоризонити
поведи ги сите на твојот нов пат
во доброто и злото умира,
љубовта победува.
Љубовта е твоја водилка
И те следи како ѕвездите, твоите другарки.
Не запирај во тивкото предвечерие
Отвори го твоето срце,
 широко како море
Запиши страница нова.
Не дозволи никој да ја одземе 
твојата доблест и убавина, твојот мир
Продолжи да чекориш смело.

There is always hope - Author: Gordana Dimovska
Секогаш со надеж - Автор: Гордана Димовска

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment