Saturday, March 25, 2017

ИНСОМНИЈА

Автор: Христијана Петлевска Марковска
Заспани сите.
Само мене ми тежи косата.
Ми смета и врзана и пуштена.
Или думата.
Не сум сигурна.
Не ја сакам тишината.
Ни ноќта.
Сакам да сум таму.
И тука.
Да ги спојам двата света во еден.

И ти да си и тука и таму.
Да нема време.
Ни тишина.
Ни далечина.
Ни косата ќе ми смета.
И тишината ќе е полесна.
И ноќта посветла.
Заспани се сите.
Само јас се плеткам со косите мои.
Се борам со думата.
Ќе ја сплетам, да ја укротам,
па да мигнам...


Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment