Автор: Стеван Ацески
Со кавал меден
И ранец полн
Од утро до вечер
Тоа е и неговиот
сон
По ливади росни
И стрништа посни
По родот ги брои
По име ги строи
Калешка – Шарка
Рогушка и Чулка
А овенот гордо
Секогаш до него
стои
Шарпланинецот
Мурго
Замислен стои
Ни од волкот тоj ич не се бои.
Стеван Ацески
15.3.2015
Мелбурн
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment