Skip to main content

Интервју на Симе Младеновски – продуцент на „Лица и дела“ – Тв Сонце и менаџер

Мacedonian timeline - Избравте професија – Kога се роди желба за избор на професија и како дојде до тоа?

Со продуцентство почнав да се занимавам уште како млада личност, во средношколските денови и сигурно дека тогаш не бев свесен до каде ќе ме доведе мојата желба да се занимавам токму со оваа професија. Сепак вложував голем труд и напор, а ме водеше огромната желба еден ден оваа професија да биде во прв план во мојот професионален развој, така што уште на свои 16 години посетував пракса во МТВ – нашата национална телевизија и за моја среќа уште тогаш мојот талент беше забележан од страна на Никола Николовски, Тихо, Љубе Цветановски, Стојан, така што уште тогаш од нивна страна ми беше понудена работа, којашто ја прифатив, а од таа соработка произлегоа многу емисии, но и познанства со многу познати и атрактивни лица од екс Ју естрадата и од јавниот живот, како на пр.: Оливер Драгојевиќ, Арсен Дедиќ, Мија Алексиќ, Бајага, Неле Карајлиќ (Забрањено пушење), Емир Кустурица, Рака Џокиќ и др. Понатаму, остварував работни соработки со многу телевизии и медиуми како кај нас, така и на просторите на бивша Југославија, на пр. со РТА итн.

Мacedonian timeline- Какви беа вашите почетоци, искуства и во кои области се обидовте да го вткаете вашиот неприкосновен талент?

Мојата работа на полето на естрадата не се одвиваше исклучително само на тоа поле, односно, многу често бев во организација на концерти, менаџирав клубови и дискотеки, така што на тој начин ја споив својата земја со нашите соседи токму преку забавата и културата. Паралелно со тоа водев и некоку свои кафулиња, се разбира со соработници, но во однос на времето во кое работев во споредба со она што денес го живееме можам да кажам дека тоа беше едно убаво и мирно време каде квалитетот беше на цена, а денес повеќе не води квантитетот, што е навистина жално и апсурдно. Во однос на работните и професионалните соработки, особено драги ми се оние со Белград, Сараево, Дубровник... сепак тоа беше едно мирно време каде секој човек каде и да се најдеше се чувствуваше безбедно, без разлика на општествените недостатоци кои се неизбежни, независно од тоа за кое време говориме.

 

Macedonian timeline - Какви се искуствата и соработка со македонските телевизии, дали им помагате преку овој силен медиум да отворите нови патишта а и да мотивирате некој друг?

Н. Младеновски - Со искуството коешто го стекнав, а беше навистина на завидно ниво, продолжив да работам по многу наши приватни телевизии кои денес веќе ги нема, а од попознатите се Канал 4, А1, Алфа, АБ Канал, Сител итн. Денес како продуцент  генерално сум фокусиран на тв проектот „Лица и дела“ како дел од тимот на Тв Сонце, којшто проект постои веќе десет години, а уредник и водител на истиот е Мери Тодорова Младеновска која професионално е македонист, односно, магистер по македонистика и комуникологија. Нашата соработка со Тв Сонце е одлична и не би било фер доколку не ги споменам нашите ценети колеги кои подеднакво се одговорни за квалитетот и рејтингот на „Лица и дела“ – Владимир Спасиќ – директор, Игор Мицкоски, Баже Ангеловски – камера, монтажа, реализација; Владо, Срѓан, Далибор, Дејан, Марко, Цаци, Зорица и др., а особена благодарност изразувам до големиот македонец – Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој на сите ни овозможи, односно, ни даде простор да ги изразиме своите таленти и квалитети, но и можност за слободен израз и простор за креативност што секако оди не само во наш прилог како колектив, туку оди во прилог и на сите македонци. Од огромниот број на изданија на „Лица и дела“ би ги споменал изданијата со Вања Лазарова, Есма Реџепова, Гаро Тавитјан, Диран Тавитјан, Гарабет Тавитјан – сениор, Влатко Стефановски – Леб и сол, Вера Милошовска – Љубојна, Синтезис, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Крсто Јовановски, Горан Илиќ, Цветин, така што секогаш ставаме акцент на ексклузивата и квалитетот, а даваме можност и простор за промоција на многу млади надежни ентузијасти буквално на сите полиња на културата и уметноста

 




Мacedonian timeline - Сигурно во вашата досегашна кариера сте добиле и признанија и награди за вашите продуцентски дела? Можете ли да ни кажете нешто за тоа?

С. Младеновски - До сега и како емисија и лично имаме добиено многу признанија и дипломи за нашата работа и соработка од страна на многу организации и манифестации. Тука, како добар почеток на 2020г. можам да ја споменам и мојата работа на документарните филмови, од кои „Копнеж“ беше награден на многу фестивали за документарен филм, ширум светот – во Белград освои второ место од вкупно 850 филмови, во Бразилија, Бразил, 2 место од вкупно 4000 документарни филмови итн, а наш агент е Дејан Раичевиќ од Белград.

     

Мacedonian timeline - Какви се вашите искуства на музичко поле во Македонија?

С. Младеновски На полето на музиката особено драго и значајно ми е да ја споменам менаџерската улога најпрво во музичката кариера на мојата сопруга Мери Тодорова Младеновска и нејзиниот прв албум „Lights“ и во новонастанатиот рок состав „Акарма“, а членовите на овој бенд – Далибор, Марко, Драган и Мери се одлични музичари кои одлично си ја познаваат својата работа и веќе активно работат на две нови нумери со кои наскоро ќе се претстават на музичката сцена.

Мacedonian timeline - Иако е тешка ситуација на КОВИД – 19, дали имате некои планови моментно?

С. Младеновски - Во моментот се подготвува и нов документарен филм иако како и сите така  и ние како екипа се соочуваме со последиците од пандемијата со КОВИД – 19, но се надеваме дека животот скоро ќе се доведе во правилниот колосек и се ќе почне да функционира на убав начин.

 Macedonian timeline - Што е за вас успех за кој со радост и гордост ќе ни раскажете?-

С. Младеновски - На крај би ја споменал и поетската манифестација „Сплоти се Македонијо“ која забележа огромен успех што е особено важно поради тоа што оваа година за прв пат беше организирана, а освен мене главните виновници за овој настан кој беше организиран и одржан во чест на нашиот голем празник Илинден беа: Бранко Николовски – познат текстописец, Соња Манасиевска Конеска – поетеса и уметник, Мери Тодорова Младеновска – магистер по македонистика со комуникологија и проф. д-р Златко Тимковски, кој е од Лос Анџелес, а воедно освен организацијата, бевме и жири комисија на споменатата поетска манифестација. Манифестацијата протече одлично и тука би ги споменал некои од наградените учесници: Марија Александрова – Гран при, Крсте Наумовски – Мечкар – прво место, Гордана Димовска – второ место и најпечалбарска, Светлана – трето место, Иван Трпоски – најлирска, Мери – најродолјубива, Ленче Клечакоска – Илинденски бајрак, Наум Пауновски и Наум Трајчевски – сите од дијаспората; Розита Христовска – Гран при, Наде – прво место, Анетка Трајкова – трето место, Славко и многу други, од Македонија. Во категоријата поезија од најмладите: Матеј Спасовски – Гран при, Ивона Младеновска – прво место, Ива Спасовска – второ место, Лара Крстевска – терто место и др.

 

Macedonian timeline - Кои се вашите планови за во иднина?

 С. Младеновски - Во однос на иднината не очекуваат многу работни обврски со „Лица и дела“, многу документарни филмови и многу проекти од областа на културата и уметноста.

Macedonian timeline со радост ги следи успесите и делата на македонските творци, уметници во сите области. Ни беше чест и задоволство да откриеме повеќе за вашите почетоци, кариера, успеси, награди и идни планови. Публиката со воодушевување ќе ги прати вашите чекори а Македонија ќе се гордее што ја афирмирате насекаде во светот. Благодарност за отстапеното време Симе Младеновски и продолжете по патот кој сте го зацртале и професијата во која зрачат вашите нескриени копнежи за нови откритија, нови документарни филмови проследени со награди. Среќно




 


Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.