Skip to main content

ПИСМОТО ОД МАРИЈА СОЛУНСКА ДО КНЕЗОТ МЕТОДИЈ

Автор: Ванѓелко Лозаноски

Марија, како девојка во Солун, беше споредувана со жените ангели, се омажи за Лав, витез и борец во византиската војска во времето на цар Михаил.Таа имаше буен свет, приврзана кон Бога. Беше радосна што го носи името на Марија света Богородица.Таа  со божја љубов им се посвети со голема љубов на своите деца. Беше водушевена од успесите на Методиј и Кирил.

Таа со големо внимание и лубов ги следеше патеките на нејзините деца. Таа посебно помогна за македонскиот јазик да го чуваат и негуваат нејзините деца. Имаше божествена дарба, како да сонуваше дека нејзините деца ќе бидат творци на првата гласовна азбука за Македонците и словенскиот свет. Децата често ја споредуваа со Марија света Богородица. Во текот на нејзиниот живот контактираше со своите чеда. Највозбудливо е писмото до Методиј.

Методиј сине, мил, омилено чедо, ми недостасуваш, празно ми е во домов без тебе.Ти си ми сила и душа. И Солун е празен без тебе. Чедо мило моја голема радост, кога се роди, кујќава со сонце ми ја огреа А потоа радоста ми се зголеми кога во нашиов дом се роди и Константин, бевте различни по возраст само една година, а сите други мислеа дека сте близначиња и по изглед и по бистрина и мудрост Мили дечиња-ангелчиња, за Солун и Македонија.

Брзо пораснавте одлетавте од родниот дом. Сега секој ден извираат спомените кога бевте крај нас, во нашиот свет дом, каде извираше милина, а огреваа како сонце вашите насмевки, како расцветани рози . Домот ни беше исполнет со сончевина. А сега ми остана да се потсетам на незаборавните денови кога раце, за раце ве носев во училиштето. Весело и гласно зборувавме на нашиот македоннски јазик. На грчките деца им беше мило, да не слушаат како мелодично зборуваме. Внимателно се доближуваа, се збираа околу нас, да го слушаат нашиот разговор. Незаборавни останаа детски и младешки години кога шетавте низ улиците на Солун и крај морето.

Најубавиот, незаборавен ден ми беше кога ми кажа дека ќе бидеш кнез во Равен, на Брегалничкото кнежество. Првин се возбудив, дека имаш воена служба, за која треба да се биде буден и подготвен за борби, за одбрана или за напад.

Знаев дека никогаш нема да планираш за да започнеш војна за освојување, но посебно се израдував дека одиш во моите краишта кај Македонците од Равен, кои имаат трајни врски со Солун и Солунско со Халкидик, а посебно со Атос. Верував дека моите Македонци ќе те примат со голема љубов и почит, особено кога ќе ги поздравиш на македонски јазик. Во тие моменти има да те пречекаат како ангел испратен од небото од Бога. Верувај прв пат пат ќе влезеш во храмот на љубовта.

Со љубов од твојата мајка Марија


Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.