Skip to main content

ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА "СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО"



За сите љубители на поезијата и убавиот македонски збор ТВ СОНЦЕ и бренд емисијата ЛИЦА и ДЕЛА распишува online поетски конкурс за поети од Македонија и од дијаспората. Песните да се со должина од 24 стиха и  лекторирани. Напишани во New Time Roman,големина на букви 12,на кирилично писмо.Напишани во WORD.Песните ќе бидат ставени во електронски зборник.

Во зборникот ќе влезат наградените и селектираните песни. Испраќајте ги на: simemladenovski@gmail.com

Конкурсот трае од 05.07. 2021 до 02.08.2021 Резултатите ќе бидат објавени на 28.08.2021

Наградените како награда ќе имаат гостување во емисијата ЛИЦА и  ДЕЛА која е посветена само на нив, слики од Цветин и книги од Џорџ Атанасовски.

Благодарници изработени по дизајн на

Даме Ѓурчиновски.

ТЕМА:

Љубов кон...

Значи поширока тема,искажете љубов во стих кон кого сакате...кон родната земја сакан/а, родители,деца...

Песните да не содржат: говор на омраза, навредлива содржина, вулгарни содржини.

Целта на оваа поетска манифестација е да ги сплоти поетите во стих од еден во друг крај на светот, а сите во родната колевка со стих. Сето тоа искажано со љубов.

Учество можат да земат и деца,затоа што ќе постои и група за детска поезија.

Исто така секој без разлика на вера и определба.Уметноста не познава граници!

Медиумски поддржувач:

ТВ СОНЦЕ И бренд емисијата ЛИЦА И ДЕЛА

Помагатели:

Екран Портал,Fashionel, Мacedonian timeline, Australia,

Shilo portal, Australan Macedonian weekly, Los Angeles time, radio Brich Sidney, radio Prespa Sidney

TV Ozimak Sidney, radio 2xxfm Canbera, Здружение на Македонци-Франција, Гоце Делчев-Холандија, Питу Гули-Женева, Александар Македонски-Венеција, Италија.

Жири комисија:

PhD Златко Тимковски-Los Angeles Amerika

М-р  Мери Тодорова Младеновска

Бранко Николовски-текстописец

Соња Манасиевска Конеска-поетеса

Симе Младеновски-извршен продуцент на Лица и дела

Почесни гости:

Цветин и Симе  Бричот од Австралија

 







Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.