Skip to main content

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ

"За нас е важно чувството на припадност кон ова прекрасно парче земја и за нас македонците, каде и да сме, не постои ништо подрагоцено од ова што сме го имале од секогаш и ќе го имаме засекогаш. Ако кажам – се надеваме, тоа би било неблагодарно и незначајно, но затоа кажувам – ние сме сигурни дека пораките коишто ги пренесуваме преку нашата работа ќе стигнат навреме и на вистинското место затоа што одговорно и достоинствено одговоривме на предизвикот да се учествува на светски фестивали за документарен филм каде што конкуренцијата е повеќе од сериозна, со една цел – да му покажеме да светот како се сака Македонија." Симе Младеновски

 MT - Г-дине Младеновски, какви се вашите планови за оваа година?

С.М - Оваа година ќе настапуваме на три светски фестивали за документарен филм, во Бразил, Сао Паоло на „Фестагент“, во Перу, Аргентина, а воедно планираме учество и на фестивалот за документарен филм во Москва. Екипата која работи на документарните филмови е иста: Бубе – режија, Симе – режија и извршен продуцент, Зоки – камера, Дејан – светло, Зорана – сценографија, Филип – камера, Целе – камера и Бубе и Јоцо – монтажа. Овој тим е веќе докажан и е победнички, за што сведочат многуте освоени награди, а се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина. Околу документарните филмови не би откривал многу, но можам да кажам дека веќе се во завршна фаза, при што годишните одмори ги поминавме работно и ентузијастички и тоа секако донесе убав разултат за што очекуваме овие проекти да бидат забележани и наградени.

Единствено што би открил и на што е ставен особен акцент во нашата работа е тоа што документарните филмови се посветени на нашата татковина Македонија, на традицијата, фолклорот, но и на она со што секојдневието е сè повеќе исполнето – сиромаштијата. Всушност, со нашите проекти апелираме до секого за важноста, единственоста и големината на животот, но и на нашата единствена татковина.  

 


МТ - Кажете ни малку за вашите искуства околу работата со документарни филмови?

СМ - Да се работи на документарен филм воопшто не е едноставно, со оглед на тоа што тука се поврзани многу аспекти преку кои би се постигнала определената цел и токму поради тоа тимот работеше деноноќно и неуморно, во најразлични временски и теренски услови, сакајќи на светот да му ја претстави вистината за Македонија и македонците, тоа дека само сонцето е постаро од Македонија, а тоа светот добро го знае. Секој од нашите документарни филмови носи своја порака, но она што ги поврзува во еден прекрасен и шарен мозаик е нашата порака за сплотување и љубов, да се одолее на суетата којашто разединува и да им се заврти грб на сите оние поддржувачи и реализатори на Цезаревото – раздели па владеј од коешто ја црпат најголемата сила за да го држат светот во заложништво и состојба на слабост и немоќ. Нашата единствена победа е во љубовта кон ближниот и љубовта кон себе со што суетата, зависта и љубомората не можат да се мерат. За нас е важно чувството на припадност кон ова прекрасно парче земја и за нас македонците, каде и да сме, не постои ништо подрагоцено од ова што сме го имале од секогаш и ќе го имаме засекогаш. Ако кажам – се надеваме, тоа би било неблагодарно и незначајно, но затоа кажувам – ние сме сигурни дека пораките коишто ги пренесуваме преку нашата работа ќе стигнат навреме и на вистинското место затоа што одговорно и достоинствено одговоривме на предизвикот да се учествува на светски фестивали за документарен филм каде што конкуренцијата е повеќе од сериозна, со една цел – да му покажеме да светот како се сака Македонија.

 


МТ - Ваш осврт кон десетгодишнината од постоењето на популарната емисија Лица и дела?

СМ - Убаво е да истакнам дека оваа година во мај одбележавме дестгодишнина од постоењето на „Лица и дела“ на Тв Сонце и заокруживме еден циклус којшто ќе остане запаметен по гостувањата на многу наши значајни имиња од најразлични области – проф. д-р Људмил Спасов, Елена Јованова Грујовска – директор на ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Гоце Цветановски, Гаро Тавитјан, Гуру Харе, Трифун Костовски, Стојна Костовска, министри, градоначалници, професори, естрадни уметници, поети и писатели, млади ентузијасти и нови надежи во многу области од културата и уметноста. Огромна е радоста која ја чувствувам гледаќи наназад низ времето како „Лица и дела“ од пилот издание прерасна во значаен телевизиски бренд со интересна форма и содржина, а за што како што веќе истакнав, заслужни се бројните имиња кои продефилираа и најдоа свој простор во „Лица и дела“, нашите соработници и поддржувачи кои не следеа низ годините и целокупната екипа на Тв Сонце, без кои овој успех не би бил комплетен. Овој Тв проект секако продолжува и понатаму, а зад квалитетот и актуелните содржини стоиме одговорно.

 


МТ - Кажете ни нешто за убавата манифестација која ја организирата од минатата година, Сплоти се Македонијо?

СМ - Тоа дека љубовта нема граници, а особено кон татковината сведочи и Интернационалната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“ каде што сум дел од организацијата, која се одржа по втор пат без разлика на условите во кои сè уште се наоѓаме, така што и оваа година голем број поетски творби од наши поети во Македонија и од дијаспората стигнаа до нас по електронски пат, конкурсот започна на 5 јули, а заврши на 2 август, жири комисијата веќе ги разгледува поетските творби за кои можам да истакнам дека се квалитетни и тешко ќе можеме да се одлучиме околу поделбата на местата. На 28 август ќе бидат доделувани дипломите и признанијата, исто така онлајн, а оваа година оваа манифестација ќе биде заокружена и со Зборник во кој ќе бидат поставени сите творби и поради условите исто така тоа ќе биде споделени со учесниците по електронски пат. Ни останува уште да очекуваме ситуацијата со вирусот да биде завршена што поскоро и сите овие активности кои ги истакнав да ги реализираме во нормални услови и на вистинскиот начин.

МТ - Прекрасни пораки кои ги упатувате кон сите луѓе во светот, а посебно зрачи љубовта која ја искажувате кон родната земја Македонија. Ви посаквуваме уште многу успеси, награди во сферата во која работите.

МТ разговор водеше со Симе Младеновски - продуцент на Лица и Дела 


 

Изработено од Мери Младеновска





Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.