Skip to main content

НЕЗАВИСНА И ВЕЧНА


Од вишното небо до земјата златна

Се распослале зраци над полиња ширни

Планини, реки, езера мирни.

Те огреа сонце,бескрајно милно

Во прегратка ги збираш чедата силно

Ти земја си чудесна и мила

Како птица со волшебни крила.

 Ех колку сакам да слетам во твоето гнездо

Земјо, прекрасна и силна.

Треперам од желба и мислам едно

Да чекориш смело, да бидеш топло гнездо

Во кое ќе се свие секое твое чедо.

 

Македонци во светот насекаде не имa

Пееме песни, редиме зборови силни

Од цветови в пролет плетиме венец

Да ги окитиме паметниците на македонските херои.

 

И денес еве илјада желби од срце се ројат

Знамиња црвени и жолти се веат

и солзи радосници по лице се леат.

О, земјо чудесна и мила,

прогласи независност, е ете сите слават

но сепак продолжи да се браниш

да се одбраниш од оние кои штета прават,

И оние на кои не им си мила,

од сите оние кои газат на твоето достоинство и чест.

 

Векови постоење, војсководци, борци славни

ти си створена и имаш сила и денес и утре

да ги чуваш своите чеда, да ги задоиш со бескрајна љубов

да ја зачуваш својата историја голема како море

да го сочуваш името свето, за кое животи се дале.

 

Достоинствени и горди,

Зберете се под ѕвездата која силно светна,

празнувајте сите Македонци во светот

Македонијае земја независна и вечна!

 

Автор: Гордана Димовска


Comments

Popular posts from this blog

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...