народот страден се реши за борба
Со пушка в рака во раните зори
тргна низ села, градови и гори
Оставија најмили свои, да жалат и плачат
А тие со надеж дека пак ќе се вратат
И ќе ја донесат слободата ко птица белокрила
Повторно повик се слушна, повик за борба
Ура за слобода на Македонија!
Започна нерамен бој
Во Крушево славно на Мечкин Камен
Одекна пукот, загина јунак!
Комити и војводи оддадоја почит
Народот жали, народот во песна ја воспеа
Малку се песните, силни се спомените
За вас генерации творат, за вас светот збори
Со гордост зборуваат за храброста ваша,
за делото ваше, горди илинденци!
О, Земјо славна македонска што јунаци роди ти?
No comments:
Post a Comment