Skip to main content

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - ПАТОТ ДО УСПЕХОТ Е ТРНОВИТ НО МОТИВАЦИЈАТА НЕ ВОДИ НАПРЕД

Патот е трновит и долг мора сите препреки да ги поминеш и бариери до успехот  а успехот е достигнување на целта,а целта е животот. - Симе Младеновски 

MT – Со оглед на карактерот на вашата професија, како ќе ја опишете изминатата 2024 година?

С.М -  За мене лично 2024 на приватен и професионален план беше доста успешна.Она што го зацртав и го исполнив иако имаше многу препреки и лактања но сепак кога на себе ќе си ветиш нешто се ќе поминеш и преку се за да ја достигнеш целта,за да успееш треба многу борба а и силен мотив за сето тоа и успехот е неминовен. За 2024 дека беше многу успешна факти се многуте награди кои ги добив заедно со тимот бидејки јас сум тимски играч и брз тим не се работи прво основно правило. Добив награда од Канада од МНИ тоа е посебна асосијација и агенција која се грижи за афирмација и дистрибуција на филмовите насекаде низ светот и промоција нивна,на што посебно сум горд. Добив златна плакета од Финска  од Шведска и од многу места ширум Европа и светот со кој имаме големи соработки.

МТ – Обично добивате и награди за ваши филмови, дали има нешто ново на тоа поле?

С.М - Исто така во врска со филмовите големи успеси доживеавме со филмовите наши Јад ,убава земја,Мистерија кои сеуште се натпреваруваат на филските фрстивали низ светот и достигнуваат одлични успеси благодарение на Београд филм и Деја Раичевиќ кои се грижат за нашата промоција насекаде низ светот. 


MT – Како обично доаѓа до реализација на вашите проекти, што се е потребно?

СМ - За да се изработи еден документарец се потребни многу финансии а тоа во Македонија е табу тема и ние сме приморани да бараме од светот од нивните фондови,досега добро се снаоѓаме но се надевам и во иднина ќе биде така.Јас  некако се пронајдов во снимањето на документарците можеби поради тие приказни кои понекогаш се трогателни тажни,некогаш имаат среќен крај,но тоа се човечки судбини вистинити и така на тој налин треба да им се помогне на овие луѓе да бидеме единствени и солидарни и да си помагаме едни на други.Тука мора да ја споменам екипата со која работам тоа се:Бубе монтажер режисер,Јоцо светло мајстор сценограф,Зорана сценограф монтажер,Саше,Зоки,Милчо,Ацка камермани,Петар,Мошо тонци и одтанатите.Без овие дечки не можеме да мрднеме тие се врв во она што го работат.И секако тука мора да спомнам кој се ни помага тоа е Мајкл од Чикаго мојот брстучрд Горан од Њујорк,Деки од Мелбурн,Џони од Канада и мн други и тука да ја спомнам Валентина Ангелова Саше Тања,Јована,Марија од кои имам неизмерна помош.Можеби снимањето на документарците ми се некој издувен вентил преку кој добивам позитивна енергија а преку истиот ја отфрлам негативната енергија.Снимањето на документарци е многу интересно постојана комуникација со луѓе но кога ќе почне да се работи тогаш треба многу внимание да се обрати и да се внесе 100 посто концентрација.Инаку за вашиот почитуван time line за прв пат ќе ви откријам дека треба да работиме еден убав филм со Кустурица и многу познст кинески режисер кој наскоро треба да пристигне во Македонија.Имаме многу преговори да работиме некои филмови со некои познати српски режисери но не би откривал многу.

 


МТ – Како стојат работите со емисијата Лица и Дела?

СМ - Што се однесува за емисијата Лица и дела таа си продолжува веќе постои 13 години и оди на тв Сонце,секогаш изненадуваме и оваа сезона доколку не пратите ќе има многу изненадувања со многу гости,со многу теми од секојдневниот живот.Секоја сабота во 21ч на тв Сонце.Тимот кој работи на Лица и дела е високо професионален и секогаш знае да ја направи емисијата да биде многу гледана.Секако Лица и дела и 2024 има многу награди и се надеваме и 2025 исто така а ние продолжуваме со многу работа и вложен труд и многу соработки со Македонија дијаспората,и светот.така да ние продолжуваме понатаму со многу соработки со многу во Македонија и дијаспората.


МТ- Ваши натамошни планови и пораки до читателите на МТ?

СМ - Многу работа не очекува оваа година се надеваме дека успешно ќе ги завршиме сите тие проекти и се надеваме на успех.Оваа година  се надеваме на успех и на филмските  фестивали на кои учествуваме наасекаде низ светот.Имаме и некои проекти недовршени со Србија со Црна гора и Војводина се надеваме оваа година ќе ги завршиме и се надевам на големи успеси во соработките со дијаспората.Нашиот сон е греми оскар на популарност на кој рсботиме веќе 3 години и се надеваме конечно оваа година дека ќе се случи тоа.Тоа е нашиот животен сон се надевам 2025 ќе ни се оствари на кој посебно ќе бидеме горди.Имаме веќе филм на кој работиме и мислиме тоа ќе биде добитна комбинација за одење на греми иако конкуренцијата е голема но според темата која ни е одбрана и воопшто сценариото сметаме како тим дека ќе можеме да бидеме дел од таа сцена гламурозна.За крај ќе го кажам следново сакајте се почитувајте се, животот е краток и затоа треба да се живее со убави нешта многу љубов позитивна енергија,радост среќа и се што ве усрекува вам и вашето семејство кое е столб на фамилијата.Доста е веќе со задкулусни игри со злоби ,љубомора,материјалмост тееба да си подадете рака еден на дрѕг и да си помагате да се обединат сите македонци ширум светот.Патот е трновит и долг мора сите препреки да ги поминеш и бариери до успехот  а успехот е достигнување на целта,а целта е животот.

MT - ви благодариме што одвоивте време за ова ексклузивно интервју на МТ. Ви посакуваме многу среќна 2025 година исполнета со уште поголеми успеси. 


Interviewer - Gordana Dimovska - Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.