Skip to main content

СЕ ОДРЖА 51-0Т ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР ВО СИДЕР ГРОУВ, ЊУ ЏЕРСИ - САД,


C:\Users\User\Desktop\540565785_31048002061514270_8836985630654507467_n (1).jpg

ОД АКТИВНОСТИ НА АМЕРИКАНСКО - КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНА ЕПАРХИЈА 


Од 29 до 31 август 2025 година, на Денот на трудот во САД, во Македонската православна црква „Св.Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси, се одржа

51 - от  Црковно народен собор на Американско-канадско македонската православна епархија, на кој чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.


Овогодишниот Црковно народниот собор на Американско-канадско македонската православна епархија беше продолжение на педесет предходни собори, кои се одржуваат секоја година во различни градови и тоа во првата недела од септември и траат три дена. Тие се исполнети со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности.

Собирските манифестации се многу богати, сеопфатни и импресивни. Со проширени искуства и знаење, црковните општини се поттикнуваат на покрупни остварувања преку градба на просторни импозантни цркви и културно-просветни центри, со цел што повеќе да се привлече вниманието на младите Македонци.

Овие значајни и традиционални, собирски манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември, на Денот на трудот. Тие траат три дена и се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. На епархиските и црковно-општинските органи и тела им се пружа извонредна пригода да ги поддржуваат, инспирираат и да ги помагаат севкупните позитивни процеси за уште посестран и побогат развој на секциите при црковните општини, на неделните училишта на македонски јазик, македонските играорни групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортот и сите други здружени креативни сили кои придонесуваат за посилен растеж на црквите и Епархијата.

Според историските документи Американско-канадско македонската православна епархија беше формирана на 12 септември 1981 година, кој е светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

По одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија. 

https://liturgija.mk/wp-content/uploads/2024/11/0-1.jpg

Црквата „Св,Кирил и Методиј“

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање во македонските, американските и во канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

Денес, една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собор, кој се одржува секоја година почнувајќиод 1975 година. Првиот собор се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на над 30 цркви и два манастира, во кои служат триесетина македонски свештенослужители чии надлежен  архиереј е митрополитот Методиј.

Овогодишниот Црковно народниот собор на Американско-канадско македонската православна епархија беше одржан во МПЦСв. Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув. Оваа црква е како продолжување на традициите на изгорената православна македонска црква „Св. Кирил и Методиј“ во Пасаик. Македонците од Њу Џерси во 1993 година решиле да градат нова црква.Така е купено место од десетина хектари заедно со времена сала во 1994 година, на кое е изградена македонска православна црква, исто така во стилот на Св. Богородица во Калиште,односно по планот на црквата Св. Никола во Кентон,Охајо, но со зголемени димензии. Потоа на 7 август 1993 година бил осветен камен-темелникот од митрополитот Михаил. На оваа свеченост меѓу другите присуствуваше и тогашниот претседател на Република Македонија г-дин Киро Глигоров и првиот македонски амба садор во САД, д-р Васко Наумовски. 


C:\Users\User\Desktop\540705671_31047990424848767_7994050476112788877_n.jpg


Во рамките на црковната општина активно работи КУД “Гоце Делчев”, фудбалскиот клуб “Македонија”, Комитетот за човекови права, Неделно училиште, Женска секција, Црковен хор, Библиотека и неколку музички состави.

Инаку на овогодишната соборска манивестација на Американско-канадско македонската православна епархија, на 29 август во големата сала на Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј” во Сидер Гроув, се одржа Младинска игранка.

Вчера на 30 август предручек се одржа турнир во мал фудбал и седница на Епархиското собрание на Американско-Канадската епархија на МПЦ-ОА и вечерна богослужба  потоа се одржа смотра на играорните групи и младинска игранка во црковната сала на МПЦО “Свети Кирил и Методиј”.

На 31 август, пред ручек се одржаа финалните натпревари на фудбалскиот турнир и Божествена литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство г. Методиј Митрополит Американско-Канадски и свештенослужители од Скопската и Американско-Канадската епархија. По повод роденденот на митрополитот на Американско-Канадски, Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски му додели панагии.

Вечерта се одржа Гала банкет и доделување на награди, а од 22 часот повторно беше приредена забава за младите Македонци од САД и Канада.

Црковно-народниот собор на Американско-канадската македонска православна епархија е традиционален демонстрирајќи го 51 година единството и традициите во Македонската православна црква - Охридска архиепископија и Јустинијана Прва и во Македонската заедница во САД и Канада.

Притоа треба да се нагласи дека мисијата на македонските свештеници во САД и Канада, на чело со денешниот  митрополит г.Методиј како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ-ОА е драгоцена. Тој, заедно со свештениците и со активистите од македонските асоцијации се целосно посветени на обединувањето на македонскиот народ во САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на етничка Македонија.

Сите настани во рамките на 51-от Црковно-народен собор на Американско-канадската македонска православна епархија ќе останат незаборавни моменти. Тоа беше  настан на бројни дружења и познанства меѓу Македонците од бројните македонски-православни црковни општини од САД и Канада.


slave-katin-2

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.