Skip to main content

АНСАМБЛОТ НА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ - СТЕФЧЕ СТОЈКОВСКИ ЗА СЕМИНАРОТ 2026 И НЕГОВАТА ЗНАЧАЈНОСТ


Македонскиот традиционален музички и танцов семинар кој го носи моето име како бренд , е познат на светските музички сцени, традиционалните фолклорни фестивали, на катедрите на светски познатите универзитети по етномузикологија, етнокореологија, музикологија фолклористика и пошироко. Потребата за организирање на ваков семинар како и значењето за постоење на ваков семинар се огромни за нас Македонците. Имено преку овој семинар кој се организира по 19 пат се воспоставува запознавање на пошироката јавност со македонските музички традиции, свирењето на изворни и класични инструменти, македонските песни и ора, се изучуваат стиловите и начинот на свирење, пеење и играње. Семинарот е организиран за  почетници, познавачи и понапредно аматерско или професионално ниво на учесниците. Семинарот е организиран од страна на членовите на ансамблот, а предавачите се истакнати и реномирани аматери и професионалци од областа на фолклорот. Сите посетители што се пријавуваат се запознаваат со различната фолклорна традиција по области од цела етничка Македонија. Имено, ансaмблот Стефче Стојковски ќе одржи семинар од 23-30 јуни во Охрид каде посетителите ќе имаат можност да навлезат во тајните на македонската традиција, песните, ората, произведени низ традиционалните музички инструменти.

Основен сегмент  на народната култура и традиција  е фолклорот кој одигра  водечка улога во развојот на македонската култура, националниот културен идентитет. Фолклорот придонесува за сегашно, и идно себе почитување и себе прифаќање. Се уште претставува поле на понатамошни истражувања  и како непроценливо културно наследство треба да се заштити со Закон.







За повеќе информации посетете ја веб страницата: www.stefcestojkovski.mk



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...