По повод Денот на македонскиот јазик, 5 мај, МЛД Кочо Рацин – Мелбурн, ќе одржи литературно читање. Настанот ќе се одржи во библиотеката во Мил Парк со почеток во 18.00 часот.
Ќе се читаат поеми од членовите но секој посетител од публиката миже земе учество. Секогаш треба со радост да се присетуваме на вакви значајни датуми од македонската историја. Посебно кога се работи за националниот симбол на македонското постоење, јазикот. Токму на овој ден во 1945 година е официјализирана азбуката со објавување во весникот „Нова Македонија“.
Овој настан е од големо значење за да се укаже на значајноста и потребата за зачувувањето на македонското писмо и јазик и надвор од родната земја.
Се покануваат сите заинтересирани да присуствуваат и земат учество во одбележувањето на овој значаен ден.
За најмладите посетители ќе има активности со кои преку цртање, боење, копирање ќе го учат македонското кирилично писмо. на македонски народни носии како и вежби за учење на македонскиот јазик.
Контакт број за повеќе информации: 0423 496 821
Comments
Post a Comment