Skip to main content

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА. ГОРДАНА ДИМОВСКА - ПОЗНАТА И ПРИЗНАТА НАСТАВНИЧКА, ПОЕТА И НОВИНАРКА


Гордана Димовска е една од најпознатите македонски литературни творци во Австралија. Пишува есеи, новинарски статии кои се широко прифатени и објавувани во „Македонска нација“, МРТВ, „Курир“, „Народна волја“, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, потоа во весниците „Денес“, како и во „Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн.

Како Македонка, таа е посветена на името и вистината на македонскиот јазик и е личност достојна за пример за Македонките во дијаспората. Од патриотски мотиви, таа го дава своето знаење за светлите македонски прашања, особено во областа на културата. Таа е вклучена и во презентирање теми и активности во заштитата на македонскиот вистина пред австралиската и светската јавност. Доказ за тоа е нејзиниот ангажман во организирање, спроведување и учество во претходни демонстрации, паради, организирање јавни настапи пред австралиското друштво, сè со цел зачувување на уставното име на Македонија.
 Уште од мала, изразувала чувство и љубов кон книгите и македонскиот јазик, а подоцна почнала да пишува најубави состави. на разни теми, а со тоа и да добива награди за нив. Така, како ученичка во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, таа почнала да пишува литературни состави за кои добивала награди од наставниот кадар, а учествувала и во радио програма на Радио Битола.

Од 1993 година, Гордана Димовска живее и работи во Мелбурн, Австралија. Со квалификациите што ги добила на Универзитетот Монаш во Мелбурн, се вработила во Викториското училиште за јазици, каде што континуирано предава македонски јазик од 1999 година.
Во 2007 година, се стекнала со диплома по јазици од Универзитетот Маквари. Желбата да им помогне на другите новодојденци во Викторија ја навела да волонтира во Центарот за образование на возрасни мигранти како асистент на наставниците во тој центар за да ги предава англискиот јазик на новодојденци. За нејзините 5 години волонтерска работа, таа добила и признание од австралиската влада.
Гордана е активистка во Македонската заедница во Викторија повеќе од 22 години. Членка е на неколку македонски организации и моментално е претседател на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ во Мелбурн, кое работи од... 2014 година и официјално е регистрирана во 2016 година. Таа, заедно со бројни други македонски членови на Друштвото, околу десет години успешно организира саеми на книгата, литературни читања и промоции на книги, со цел да се промовира македонскиот јазик и литература во демократска и мултикултурна Австралија.

Таа има посебно место во новинарството и публицистиката како еден од уредниците на веб-порталот „Македонска нација“, основач и уредник на блогот Македонска временска линија, член на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и еден од соработниците во уредувањето на литературното списание „Повод“. Исто така, објавува свои статии во многу македонски весници: „Денес“ од Мелбурн, „Нова Македонија“, SBS Radio - Мелбурн.

Гордана Димовска е една од уредниците на порталот „Македонска нација“, од Скопјe, кој е продолжение на „Македонска нација“ од 1971 година, а е обновен во 2009 година. Пишува статии за „Македонска нација“ кои поттикнуваат свест за зачувување на македонскиот јазик, македонското име и почитување на Македонската историја, особено кај македонските иселеници низ целиот свет. Нејзините текстови, првенствено од национален природа, секогаш се придружени со извештаи за активноста на Македонската заедница во Викторија и пошироко во Австралија, текстови што се однесуваат на прашањата и иднината на зачувувањето и изучувањето на македонскиот јазик, потоа за љубовта кон родната Македонија и гордоста со своето Македонско потекло.

Гордана е една од соработниците во уредувањето на литературното списание ПОВОД, кое излегува на два месеци и го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Таа има и свој блог под наслов „Македонска временска линија“ каде што редовно објавува статии и интервјуа на македонски и англиски јазик. Гордана е долгогодишен член на „Здружението на наставници на Македонија - Викторија“ и новоформираното „Здружение на наставници по македонски јазик во светот „Учиме Македонец“.
Гордана Димовска е авторка на следниве дела: „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“, (2012) (легенда, коавторство со Ванѓелко Лозановски, издание на „Љубители на литературата, културата и науката „Св. Висарион“); „Вечна светлина над Македонија“, (2014), кои содржат поезија и историски записи, а се објавени од „Љубители на литература, култура и наука“



Пишува: Славе Николовски - Катин

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.