МЛД Кочо Рацин - Мелбурн, го одбележа Денот на македонскиот јазик со литературно читање и изложба на книги.
Настанот го разубавија и играорките облечени во народни носии и кои изиграа неколку ора.
Претседателката на друштвото Гордана Димовска го отвори настанот и меѓу другото рече:
Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Maкедонскиот јазик не е само средство за комуникација, тој е наше национално богатство кое не идентификуава како народ со своја посебна историја.
Ние во МЛД Кочо Рацин и понатаму ќе продолжиме да го негуваме јазикот преку пишување на литературни дела, одржување на читања, саеми и промоции на нови дела на македонски јазик.
Нашиот патрон Коста Солев Рацин ја истакнал важноста на јазикот со зборовите: Јазикот – тоа е голема сила на народот, на нацијата. Да му го земеш јазикот, тоа значи да му ја земеш душата, да го лишиш од неговиот национален персоналитет.
Токму неговата стихозбирка Бели мугри е пример за тоа како се избори да го истакне значењето на јазикот и значењето да се биде свој, да се зборува и пишува на мајчин македонски јазик. Само преку мајчиниот јазик најдобро се изразуваме. Мајчиниот јазик е силна светлина низ која се преплетуваат детството, мајката, родното огниште.
Нека е честит Денот на македонскиот јазик, денот на македонската азбука и писмо.
Macedonian Timeline Australia

.jpg)










Comments
Post a Comment