AUSTRALIAN MAC
СООПШТЕНИЕ
Македонскиот театар од Сиднеј е несомнено најплодната културна институција во македонската дијаспора не само во Австралија туку и во целиот свет. Во текот на изминативе децении овој театар продуцираше бројни претстави на македонски и на англиски јазик кои ги видоа десетици илјади гледачи претежно во градовите во Австралија каде овој театар гостуваше.
Од неодамна Македонскиот театар од Сиднеј отвори свој канал на YouTube на кој се презентирани и ќе бидат презентирани сите нивни претстави со што истите практично стануваат достапни за гледање во целиот свет. Македонскиот театар од Сиднеј ги повикува сите заинтересирани љубители на театарската уметност да се претплатат на овој канал и да ги споделуваат линковите со претставите. Каналот може да го посетите на линкот: https://www.youtube.com/@
или доколку на YouTube пишете Macedonian Theatre of Sydney.
Comments
Post a Comment