како тежок, оловен плашт.
Во Могила се шепоти тивко
и со гордост за еден
јунак наш.
Не беше тој само име во книга,
ниту сенка што низ мракот шета,
Димче беше крик на земјата мачена,
живиот оган на пушката клета.
Кога аскерот со камшик ќе замавне
,и кога рајата во очи ќе пребледне,
од гората слегуваше Могилчето –да пресуди,
правото да го погледне
„Не плачи, мајко, не виткај колена, слободата бара крв и
мака!“
– така збореше војводата славен,
со цврста вера и челична рака.
Но судбината пишува со црни букви,
во село Ношпал, во кобната вечер.
Опколен, сардисан од сите страни,
каде куршумот посилно од збор пече.
Ечеше дворот од турски викотници,„Предај се, Димче, немаш
каде!“
Но тој во очи ја погледна смртта,
и никогаш, ни за миг не се предаде.
Последниот одзив на неговата берданка,
не беше пораз, туку
гордост и сјај.
Сам си ја одзеде младоста јунакот,
за да и стави на ропството крај.
Димче падна, но земјата не го заборава,
низ вековите неговиот завет се пренесува,
секое утро кога сонцето изгрева,
песната за него одново започнува.
Под тешката
грутка на родната нива,
сега тој спие, но
духот му бдее.
Додека македонско
сонце нѐ грее,
името негово
вечно ќе живее!
Автор: Гордана Димовска
Comments
Post a Comment