Skip to main content

Posts

СЛОВОТО СО КОЕ ГЛАГОЛИШ

Автор: Живко Деспотоски На зборот дај му ја слободата на делото не затворај му ја книгата, остави го нека диши и нека го примат тие што не го примиле. Просветли ги, покажи им го патот да не заскитаат по незнајни патишта, словото со кое глаголиш нека биде семе плодородно и остави го, оплодувај го во писанието, оти од пишаното не ќе куртулиш, не ќе се скриеш, ќе те најдат по говорот и по јазикот, исти сте во секое премерување.

ЈАС СУМ МАКЕДОНКА

  Автор: Живко Деспотоски Кога ќе видиш детски насолзени очи и силно го стега на гради своето име, знај дека тоа дете еден ден со чест ќе го изговара, и додека стои на студот, во мислите му е напишано јас сум Македонка. Кога ќе слушнеш момински песни и ора под сино небо кај се вијат, не криј ја радоста, речи им на тие до тебе што стојат, венец од ора да сплетат и нека течат солзи радосници, оставиги нека потни снаги и румени лица да мијат, и да се срамиш, да не сакаш да речеш

МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР МЕЛБУРН СО НОВА ДРАМА

Македонскиот театар од Мелбурн, минатата Сабота на 29 септември во Neret Reception , премиерно ја прикажа комедијата “Шест дена работи, седмиот одморај“од Весна Куслеска. Беше одлично прифатена од публиката за што придонесоа актерите со одлично изведените улоги. Жените (сите љубовници на кројачот Перо) ги носат имињата на деновите од неделата, и доаѓаат во погрешен ден при што настанува и забуна. Секоја со своја животна приказна и ранг во општеството или како што си се замислила дека е.  Се заврзуваат во силни разговори, напади една на друга, споредувања, но и припреми за закоп на “мртвото тело“на Перо. Притоа сите тие си раскажуваат како го сретнале и колку добро го познавале Перо и постојано се препираат како да го облечат.

ЗА ЖИВОТОТ

Во својот живот човекот сретнува многу луѓе. Но само правите пријатели оставаат трага во неговото срце.   Лутината е тенко поврзана со опасноста. Ако некој еднаш те изневери, вината е негова; Ако некој те изневери повеќе пати, вината е твоја. Бистрите луѓе дискутираат за идеите; Просечните луѓе дискутираат за она што секојдневно се случува; Необразованите луѓе дискутираат за други луѓе. Кој изгубил пари, изгубил многу; Кој изгубил пријател, изгубил многу повеќе; А оној кој изгубил вера и надеж, изгубил сè.

ВЕЗ

Силно светат, паѓаат Тивко, нежно Да не ја вознемират И прекинат таа нишка, Ја осветлуваат твојата вредна рака Конци црвени, црни И ред други бои Ти не знаеш за мака Продолжуваш да везеш Твоето срце полно со љубов Кој би можел тебе да не те сака?

ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА ВО МЕЛБУРН

Мелбурн е познат по виното, храната, големиот број на кафе ресторани, град како најдобро место за живеење во светот а исто така се нарекува и град на фестивалите. Во овој петмилионски град се одржуваат голем број на фестивали од различен карактер а најчесто фестивали на хр аната каде многубројните етнички групи си ги презентираат своите традиционални јадења. Македонскиот фестивал на храната кој започна пред седум години зазема посебно место во календарот на фестивали. Волонтерите, членови на македонски друштва во склоп на организацијата MACO чиј основач, претседател и организатор на фестивалот е Лидија Нешковска, со голем ентузијазам и љубов кон македонската традиција придонесуваат се повеќе од година во година да прерасне во десетте најпосетувани фестивали во Викторија. Често се заприметува традиционалнта народна носија и фотографии од фестивалот објавени и во австралиските медиуми кои ги следат ваквите настани каде се слави храната, се почитува традицијата на еден народ. Дат...

ГАЈДА

Автор: Нове Богојески Гајдо стара од јарешка кожа, заборавена од сите на таванот сама на клин висиш. Мевот ти е дупнат, гајдарката без писка, а дувалото суво. Завиена со пајакова мреша, а под неа децениска прашина.