Skip to main content

Posts

КОМУ МУ СМЕТААТ СПОМЕНИЦИТЕ

Секоја држава си има свое историско минато и најчесто тоа се огледува во изградените монументи на градските плоштади. И самиот збор монумент значи ‘да се памети‘. Освен ‘да се памети‘, спомениците го разубавуваат самиот град и му даваат посебна препознатливост. Подигнување на споменици се правело уште од најстари времиња. Само на тој начин живите се оддолжуваат, генерациите паметат и почитуваат нивното дело. Така се создава традиција на систематско комеморирање на минатото, историските настани, заслужните личности на една земја. А уште позначајно е тоа што преку нив наредните генерации ќе имаат јасна визија за своето потекло, ќе осознаат повеќе за своите корени и продолжуваат да творат, и борат за македонската кауза во новосоздадените услови. Што би биле денес без она што ни го оставија предводниците за развој на писменоста, науката ,светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, светите Теофилакт Охридски и Прохор Пчински,Григор Прличев, браќата Миладиновци, Крсте Мисирков...

Нова книга:„ПРАЗНИ НАДЕЖИ (БАБА БЕГАЛКА)“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ

Деновите во издание на Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат драмското дело „Празни надежи (Баба бегалка)“ од Душан Ристевски. Издавањето на книгата е финансирано од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Рецензијата на драмата е од познатиот писател Александар Донски кој што забележа дека „Драмата од плодниот и докажано квалитетен драмски писател и поет Душан Ристевски под наслов „Празни надежи (Баба бегалка)“ ни осветлува уште еден сегмент од животот на Македонците во Австралија, кој освен етнокултурниот аспект (мешаното зборување на македонски и англиски во рамките на едно исто семејство, животната филозофија зачинета со примеси од обете материјално-духовни култури и сл.), нуди и универзална повеќеслојна димензија релевантна за припадниците на сите народи, а тоа е судирот на генерации и карактери во семејната заедница и животните премрежја на лицата во трето доба“.

ПРОСТУВАЈ

Автор: Гордана Димовска Кога времињата се тешки и солзите почнуваат да паѓаат кога се плашиш и се чувствуваш сам сети се на топлината што ја чувствуваше еден ден кога нечии раце те допираа и разбрануваа чувства кога убавите искрени зборови на блискиот до тебе ти дале сила да се вивнеш повторно. ... Сети се и верувај во љубовта Таа ги победува сите Препреки во животот. Научи да простуваш и себе си и на другите оној кој простува е посилен од оној кој се бори.

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН

За думата, за јазикот наш насушен Зборот може да се изгуби како град, како земја како душа. А што е народот, ако го изгуби јазикот земјата душата? Не земајте ги туѓите зборови во своја уста. Земеш ли туѓ збор, знај дека не си го освоил, туку, себе си се отуѓил. Подобро е да го изгубиш најголемиот и најобезбедениот град во земјата, отколку најмалиот и најбезначајниот збор - на својот јазик.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ - ЈАНЕ САНДАНСКИ

Macedonian brigand who captured an american missionary Miss Stone and held her for a ransom of sixty thousand dollars.  From the book: "Bulgaria and her people  with an account of the Balkan wars, Macedonia, and the Macedonian Bulgars,  by Will S. Monroe. 1863 - 1913.  Јане ја афирмирал политичката и националната посебност на Македонија и Македонците!. ... " А, пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија и турските султани со други такви, дури ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел.

ДО КОГА МАКЕДОНИЈА ЖРТВА ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ?

Во книгата "Бугарија и нејзиниот народ", постои дел и за Македонија во балканските војни. Нејзиното опстојување и иднина секогаш водени од други сили кои безмилосно ја парчеја,уништиваа со т.н договори, од кои излегуваше само како губитник, потпаѓаше под нови окупации.  И денес се соочуваме со проблеми околу нејзиното постоење како засебна држава со свој посебен идентитет  земја во светот. Ако во минатото други ја парчеја и делеја сега сама се уништува, дозволува пак да биде како дрво од кое полека полека се сечат гранките за да стигнат и уништат коренот. Дозволува, свесно или несвесно, без борба да биде уништена. Се предава токму на истите "волци" кои ја сместуваа во разни сојузи со убедување дека ќе ја ослободат од турското ропство. И секогаш со понизност и прифаќање на поставените мамки, се декларираа де срби, грци, бугари, зависно кој господареше, окупираше Македонија. Историското минато не ја научи да си ги заштитува своите интереси и зацврсти својот идентит...

МИСИЈАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

 Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели: на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол.  Павле, познат како „апостол на апостолите“, пристигнал во Македонија  на  49 години заедно со своите придружници Сила, Тимотеј и  Лука.