Skip to main content

Posts

МУМБА ПАРАДА МЕЛБУРН 2023

13 март 2023 - Како и секоја година така и оваа, по 69 пат парадата собра повеќе од сто илјади посетители пред кои продефилираа 1800 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија.  Од 1955 година, оваа спектакуларна парада ги воодушевува Мелбурнчани со своите фантастични плови, џиновски кукли, танцувачки групи облечени во прекрасни носии.   Во 1856 година Синдикатот на работниците излезе со кампања ‘Осум часа работно време‘ во чиј склоп се одржа и масовен марш во Мелбурн. Благодарение на овој марш, работниците се здобија со повеќе права и се изборија за 8 часовен работен ден. Оттогаш па   до денес секој втор понеделник во   март, се празнува  Денот на трудот  во австралиската држава Викторија. На овој ден посебно се потсетуваме на борбата на Синдикатот за здобивање со   економски и социјални достигања на работниците. Официјална декларација за означување на овој ден како национален празник е потпишана во 1879 година...

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Жири комисијата во состав на Мери Петковска (претседател) , Славица Ристеска и Драгица Митев ги објави наградените дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2022 година организиран од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Конкурсот се организира за последните 45 години и има за цел да ги поттикне Македонците во Австралија да го промовира македонскиот јазик и ја задржува традиција та за негување на македонскиот пишан збор. За четирите категории пристигнаа 44 дела. Жири комисијата ја донесе следнава одлука: Песни за возрасни   Прва награда : „ Од туѓина стигнав “  -  Шифра: дедо и баба , автор Наум Трајчески Втора награда : „ За сите кој се молат за некого “  - Шифра: Те молам за втора шанса , автор Оливера Јовановска Трета награда : „ Од главата си патиме “ - Шифра: ?, автор Наум Пауноски Tрета награда : „ Казна “ -  Шифра: мајка , автор Наум Трајчески Песни за деца Прва награда : „ Новата учителка “ -  Шифр...

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓорги Парго се истакнале со своите историски дела. Основното образование го почнал во родното село, но откако училиштето сe  затворило, продолжил да оди во Царев Двор, со својот другар Владе Шарковски, секој ден и по студ и по невреме преку Езерени, пешки по десеттина километри кон Царев Двор и назад. Се истакнал со бистрина и највисоки оценки поради што редовно и бил пофалуван од наставниците и од директорот на училиштето Ѓорги Прцуловски, кој понатаму го смета за свој доживотен пријател. Детството го поминал и на училиште и на нива, биле тоа години кога во помагање на семејството биле вклучени и тој и помалите сестри Златка и Лепа. Средно училиште тргнал да учи во Битола, но по две недели поминати таму го предомислил неговиот татко Лазар, за да биде поблиску до него, тој тогаш работел во "Гранит" како надгледувач на изградба на патот Ресен -...

ЕКСКЛУЗИВНО СО СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НОВАТА ЕМИСИЈА РАСПЕАНА МАКЕДОНИЈА

МТ – Кажете ни за каква нова емисија станува збор? СМ - Кога станува збор за една музичка емисија пре д се треба да се нап р ави концепција како би одела емисијата,треба добро да се размисли и да се внесат новитети за да бидат задоволни гледачите. Впрочем  и оваа емисија е создадена за гледачите и пред се најважно е мислењето на гледачите. Рејтинг на самата  емисија ја прават квалитетните песни, спотчиња, квалитетната музика која пред се треба да биде одбрана,кога велам одбрана тоа значи да се опфатат и доаените на македонската музика бидејќи,тие се нашите музички амбасадори. Ќе се потрудиме да го задоволиме вкусот на гледачите јас како музички уредник и Владо како монтажер и реализатор и секако екипата на Тв Сонце.   МТ – Кој ве поддржува во овој најнов проект? СМ - Би сакал пред се да истакнеме дека голема подршка имаме и од нашиот сопственик, на Тв Сонце господинот Џорџ Атанасоски главниот уредник  Игор и секако директорот Владимир Спасиќ.Се надеваме дека о...

Преку големата водa

Автор - Оливер Крстевски Зошто дојде како да е мода Да се оди преку големата вода За печалба, пуста и тешка Се прави страшна грешка. Да се кине срце на мајка А не живот како од бајка Да ве гледа во нејзин двор А вака не можи да изусти збор. Солзи рони, на гради грутка Ах сега да беа тука Да има за кого зелник да месам Вака сама крај оган, а се тресам. Само слушам гласови и шумови Ете, идат по нашите др умови! Но, од сон ме будат кучиња Збунето(а), не биле моите внучиња.

ЕЗЕРСКА СЛИКА

Автор: Оливер Крстевски Утринско ветре водите ги брани А ние на брегот сосема сами Сонцето ѕирка со срамежлив сјај А ние посакуваме да нема крај. Гушнати двата како во рај Заљубени силно до бескрај Летнати високо "то тhe sky" Во охридскиот бисерен крај. Зеленилото со ладовина мами Како да не беше вака лани Дали умот го губам Што тебе многу те љубам.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автор: Оливер Крстевски Татковина моја мила до кога ќе имаш сила? Овој грев и терор да ги трпиш со придавки името да го крпиш. Сите соседи многу н'е љубат дел по дел само си кубат многу се себични и снажни нашите корени не им се важни. Други судбината н'и ја кројат трите дела да не се спојат сакаат историјата да ја сменат имотите и името да го пленат. Тука помагаат в жештени  глави погрешно име да се слави за ќар се прави таа грешка за исправување мака тешка. Немојте да бидеме робови да се вртат дедовци во гробови да се чудат што станало со светот и за кого прерано го завршиле векот (зошто прерано го завршиле векот). Немојте отров од уста да тече и трајна болка в срце да пече многу крв од херои е пролеано за ова име да биде засеано. Ох татковино напатена и мила со ова име вечна да би била сонце да грее, птица да лета Република Македонија Да Е Света! Автор: Крстевски Оливер Macedonian Timeline Australia