Skip to main content

Posts

АНТИЧКИОТ ГРАД БЛАУНДОС ВО ТУРЦИЈА - ОСНОВАН ОД МАКЕДОНЦИ

За македонскиот антички град Блаундос Улубеј Ушак Турција Античкиот град Блаундос, кој се наоѓа во границите на селото Сулуменли во областа Улубеј, на 40 километри од Ушак, е регистриран како заштитено подрачје од прв степен. Градот бил основан е од Македонци кои дошле од Македонија по анадолските походи на Александар Македонски, а се вели дека жителите на градот се нарекувале Македонски Блаундоси. Градот, кој бил поврзан со Кралството Пергамон по Александар Велики, а потоа и со Римската империја, се зголемилo неговото значење за време на Римскиот период. Важните структури на градот, е што се наоѓа на полуостров опкружен со длабоки долини, вклучуваат замок, храмови, театар, стадион.   Античкиот град Блаундос бил основан на структура слична на полуостров опкружена со длабоки и стрмни долини од три страни. Фактот дека е изграден на парче земја во облик на полуостров укажува дека влезот во градот бил направен само преку портата на север.

ЦИТАТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

“Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот”. Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно." Ова го запишал рускиот славист Виктор Григорович при посетата на Македонија од 1844 - 1845 година, •“Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.” Од текстот јасно се гледа дека не постои видлива разлика меѓу античка Македонија и Македонија од тоа време (1860 година) односно дека се едно те исто. Запишано во “Цариградски весник” од 3 март, 1860   Во преамбулата на правила...

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023 Квинбијан НЈВ - вреди да се прочита Дедо Ное на другите им се чинеше малку чуден а на моменти и нејасен. Само неговата сопруга знаеше зошто е таков. Ке науми дедо Ное да напише некој расказ. Првин, подолго време ќе талкаше низ својата меморија барајќи некој интересен настан, доживување, радосен или тажни момент, нешто што го засегнало и не го оставило рамнодушен. Нешто, од ќе може да испадне одржива, убава кратка приказна. Откако ќе го пронајдеше делчето од животот што сакаше да го споделите со јавноста дедо Ное го започнуваше процесот на обликување на приказната што му го преокупираше умот. Следната фаза е префрлање на фрагментите од приказната од неговиот умот во физичкиот свет. Оваа фаза, некогаш беше кратка а понекогаш може и да потрае Дедо Ное е искусен возач - вози рутински и рефлексно. На неговиот ум му е здодевно ама не престанува да раб...

НЕВЕРОЈАТНИ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е опишана од страна на голем број светски патописци, новинари како земја во која постојано нешто се случува. Се чини дека од секој континент во светот постојат записи за некој период од македонската историја но највпечатливи се записите за случувањата во Македонија за време на илинденското востание. Во периодот 1903-1904 година, по Илинденското востание, условите во Македонија биле значително лоши. Над Македонија како да надвиснале црни облаци, земја со вечни метежи, безредија од непрестајни битки и крвопролевања. Соседните земји, Србија, Бугарија и Грција како птици грабливки.Постојано вршеле пропаганди врз македонското население. Најчесто тоа го правеле преку нивните прпагандни инструменти, црквата, училиштата. На тој начин, видливи биле нивните претензии кон Македонија. Македонското население во тоа време живеело многу разединето, измешано со други народи, племиња, верници па така и големи тешкотии да се сплотат во една цврста заедница, и да се поддржуваат во борбата з...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВА КНИГА - "ЈАНКО УЗУНОВ - ТОЈ!...СИОТ БЕШЕ МУЗИКА" ОД ВАЛЕНТИНА ЃОРГИЕВСКА ПАРГО

ВАЛЕНТИНА ЃОРГИЕВСКА ПАРГО:Јанко заслужува и голема биографска книга! "Тоа што сметам дека е една од најголемите легенди на Македонија, уникатен и посебен и дека многу луѓе, особено помладите генерации, треба да ја запознаат неговата вистинската вредност и величина, а најмногу затоа што многу работи како да останаа недокажани."- Валентина Парго  MT - Веста за вашата книга за Јанко Узунов навистина ја примив со воодушевување. Ги сакав неговите песни затоа што беа во македонски дух создадени и допираа до душата на човекот. Кога патував за Австралија во истиот авион беше и Јанко со Жаклина и ми оставија впечаток на добри пријателски расположени луѓе. Исто со нас беа и Драган Мијалковски и Ранко Рангелов. Валентина - Мило ми е што ве израдува книгата "Јанко Узунов - ТОЈ!...сиот беше музика!", што ја објавив неодамна. При нашата прва средба, ветувам ќе ја добиете лично. А за Вашето заедничко патување со авион, неговата Жаклина многу убаво се сеќава, на турнејата во ...

ОБЈАВЕНА ОДЛУКАТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Во Сиднеј по повод наградниот конкурс за Прличева награда за 2023 година: За минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда што Литературното друштво „Григор Прличев“ традиционално го организира за последните 46 години, пристигнаа 39 дела. Жири   комисијата составена од Мери Петковска (претседател) , Славица Ристеска и Дијана Јовчевска , одлучија да им додел ат награди на следните творби : Поезија за возрасни   1 -ва награда: Песна за Битола - Шифра: нема ( Ристо Галевски од Сиднеј) 2 -ра награда: Споменик на љубовта - Шифра:нема ( Наум Трајчески од Квинбијан) 3 -та награда: Туѓина ќе одам - Шифра:Мајкаша ( Наум Трајчески од Квинбијан)   Поезија за деца   1 -ва награда: Лакомост - Шифра:Радосно внуче ( Гроздан Јовановски од Љукастел) 2 -ра награда: Желба - Шифра: Сон ( Гордана Димовска од Мелбурн) 3 -та награда: Пресликување на годините – Шифра: Зима ( Оливера Јовановска од Мелбурн)   Раскази за возрасни  ...

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ЗА ПОЕТСКО И ПРОЗНО ДЕЛО НАГРАДА " ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" КВИНБИЈАН НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС АВСТРАЛИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Жири комисијата во состав на Билјана Петрова ( претседател ), Наташа Ѓоргоска и Снежана Димитровска ги објави наградените од : КОНКУРСОТ НАГРАДА " ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" ЗА 2023 ГОДИНА. По распишувањето на Конкурсот Поетска манифестација " Награда " В. Николески за 2023 година за најдобар расказ и песна, пристигнаа 55 песни и 21 расказ од 59 автори од сите краеви на Македонија од странство и од тука од наши локални автори од Австралија. Еве токму во оваа пригода, почитувани автори Вие ги посеавте, вашите омилени стихови и доживувања во далечна Австралија преку мостот на поезијата што се вика МЛД" ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" Доделувањето на наградите ќе се одржи во недела на 25 ФЕВРУАРИ 2024 со почеток во 12 часот напладне. КАТЕГОРИЈА ПЕСНИ ОД АВТОРИ НАДВОР ОД АВСТРАЛИЈА Прва награда: Јасмина Јошевска Скопје Македонија " Составено и оставено" Втора награда: Божана Тренческа Прилеп Македонија " Кога патувам" Трета награда: Славко Крстевски село Слепче Д...