Friday, December 19, 2025

МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПЕСНА - НАЈДРАГОЦЕНО НАСЛЕДСТВО - ЈОСИФ ЧЕШМЕЏИЕВ

Ние, Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата таковина не е украсена со палати на материјалните паметници, но имаме нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците не можат да го разурнат. Таа нескршлива сила е излеана во единствениот паметник - народната песна и игра, најбогатото и најценетото наследство што ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, сочувано и до денес”.
Да ја пазиме и да ја пееме народната песна, зошто е сила и, додека ја пазиме, ќе живее моќниот дух на создателот и на народот.“

Јосиф Чешмеџиев 1926





Macedonian Timeline Australia

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА "ЗАД ПРИСОЈ" ОД ЈАГОДА ЗДРАВЕСКА - КОТЕСКА



Промоцијата на книгата Зад Присој, Историја на Семејството Здравески од село
Лопатица Прилепско oд Јагода Здравеска-Котеска во организација на Македонското
Литературно Здружение “Кочо Рацин“ од Мелбурн се одржа на 7
Декември 2025 во просториите на Yarra Plenty Regional Library, Mill Park.
Водител на програмата беше Лидија Стојаноска, Промотори: Гордана Димовска и Зоран
Здравески.  Извадоци од книгата читаа: Дона Димовски-Канатаровски, Весна
Котеска, Антониј и Китан Здравески.
Зад Присој е трето дело на авторката Јагода Здравеска -Котеска, која вложила многу
труд и долгогодишно истражување и собирање на податоци за семјната историја, чија
историјата е и историја на македонскиот народ.
Авторката во нејзиното обраќање до присутните кажа дека целта за книгата била “да
остане запишана семејната историја во наследство на моите деца и идните поколенија,
приказната за предците да остане запишана и да ги потсети дека потекнуваат од многу
жилав и отпорен народ кој преживеал разни премрежја низ историјата но никако не се
покорил и опстојува успешно до ден денешен и покрај сите препреки.... И да им оддаде
почит на предците за нивната истрајност, храброст и способноста да преживеат и да
се снаоѓаат во време кога било повеќе од тешко да се преживее посебно од
Илиденскиот период па се до завршувањето на Прва Светска Војна“.

Wednesday, December 17, 2025

ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ПЕСНИ - БЕЗВРЕМЕНСКА ВРСКА СО КОРЕНИТЕ


Традиционалните песни се „музичко огледало на светот“, доловувајќи ја човечката состојба во сите моменти од животот. Ја чуваат културата и нудат моќен лек за душата. Служат како безвременска врска со нашите корени, а уметници како Луис Армстронг ја нарекуваат целата музика „народна музика“, и ја нагласуваат нејзината универзална, човечка суштина. Тие се однесуваат на преживување на најсилните мелодии, еволуирајќи за да станат концизни и брилијантни со генерациите, одразувајќи длабоки вистини, споделени искуства и самата „душа“ на еден народ. 

Tuesday, December 16, 2025

LANGUAGES ARE MIRROR OF OUR SOULS - LANGUAGES ARE OUR IDENTITY

Languages, with their complex implications for identity, communication, social integration, education and development, are of strategic importance for people and planet. Yet, due to globalization processes, they are increasingly under threat, or disappearing altogether. When languages fade, so does the world's rich tapestry of cultural diversity. Opportunities, traditions, memory, unique modes of thinking and expression — valuable resources for ensuring a better future — are also lost.
Every two weeks a language disappears taking with it an entire cultural and intellectual heritage. At least 45% of the estimated 7000 languages spoken in the world are endangered. Only a few hundred languages have genuinely been given a place in education systems and the public domain, and less than a hundred are used in the digital world.

ВО КОИ ЗЕМЈИ ИМА НАЈГОЛЕМА МИГРАЦИЈА

Миграцијата не е ништо ново ни незапирливо. Тоа е процес кој и ден денес се случува. Луѓето се секогаш во потрага на подобри услови за живот, подобра економија, климатски услови, бегање од воени подрачја и слично. го обликува 21 век како малку сили во историјата. Според извештајот на Обединетите нации од 2025 година, бројот на меѓународни мигранти ширум светот достигна 304 милиони во 2024 година, речиси двојно зголемен од 1990 година, бидејќи глобалната мобилност се шири на сите континенти.

Како што градовите растат, пазарите на трудот се менуваат и глобалните врски се продлабочуваат, повеќе луѓе од кога било живеат надвор од нивната земја на раѓање, што ја прави миграцијата не само демографска статистика, туку и социјална и економска реалност што ги засега сите региони во светот.

Еве ги 7-те земји кои се домаќини на најголемите меѓународни мигрантски популации

Соединети Американски Држави:  - 52,4 милиони мигранти
САД долго време се главна дестинација за меѓународни мигранти поради нивната разновидна економија, можности за образование и воспоставени дијаспори. Од европските миграции на почетокот на 20 век до неодамнешните текови од Латинска Америка, Азија и Африка, мигрантското население на земјата одразува широк спектар на глобални истории и мрежи.

Германија: - 16,8 милиони мигранти

Германија привлече големо мигрантско население, особено од рамките на ЕУ и од Турција, Блискиот Исток и Северна Африка. Миграцијата нагло се зголеми по повторното обединување и по договорите за труд во средината на 20 век; поновите текови вклучуваат бегалци и баратели на азил, додавајќи разновидност во нејзините мигрантски заедници.

ПРОМОВИРАН МАКЕДОНСКИОТ БУКВАР „АБЕЦЕДАРОТ – СТО ГОДИНИ ПОТОА“ (1925-2025)


           

На 13 декември во Универзитетот „Скопје“ се одржа промоција на преобјавеното издание на Македонскиот буквар „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025). Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Светскиот Македонски Конгрес „Абецедарот“ го промовираа проф. д-р Никола Жежов и проф.д-р Валентина Миронска-Христовска, а одломки од авторските статии читаа Исток Улчар и Игор Трпчески а со со авторски текстови настапија проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар

 

Специјално направениот кириличен фонт, налик на латиничниот, употребен во “Абецедарот“, со чијашто помош се доближува до најмладата македонска читателска публика за која и бил наменет е дело на Ласко Џуровски, а техничкото уредување и креирањето на корицата е дело на ентузијазмот и креативноста на Симе Шандуловски.

Спонзор на препечатувањето на јубилејното издание на “Абецедарот - сто години потоа“ е Сојузот на тутунопроизводителите “Мака на тутуноберачите“ од Прилеп, кому организаторот упати посебна благодарност.

На почетокот на промоцијата, македонската национална химна ја испеја оперскиот пејач Кристијан Антовски, а Марија Ташевска и Ленче Димовска облечени во македонски народни носии од Леринско, ги изведоа македонските народни песни од Егејскиот дел на Македонија - “Мори чупи костурчанки”, “Луда ми тера три коњи” и “И ние сме деца на мајката земја”, за што беа наградени со громогласен аплауз.

ПРОМОВИРАНИ ДВЕ МОНУМЕНТАЛНИ ДЕЛА ЗА АРХИЕПИСКОПОТОТ ДОСИТЕЈ



На 10 декември во Музејот на националната борба за самостојност се одржа промоција на книгите: „Посланија и беседи“ од Архиепископ Доситеј и „Таков Архиереј ни требаше – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј“. Промотори на книгите беа архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Делата „Посланија и беседи“ и „Таков Архиереј ни требаше“ се изданија на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а се објавени по повод стогодишнината од замонашувањето на блаженоупокоениот Возобновител на нашата Света Црква. На свеченоста настапи свештеничкиот хор на Скопскатаепархија. 

Оваа монументална свеченост се одрша по повод 55 години од упокојувањето на првиот Архиепископ на возобновената Охридска архиепископија, Доситеј, а Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги објави двете нови книги: „Посланија и беседи на Архиепископ Доситеј“, собрани и подготвени за печат од свештеникот Александар Димоски и „Таков Архијереј ни требаше“ – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј од повеќе автори. 
Овие дела претставуваат продолжение на процесот на афирмирање на духовно, богословско и историско наследство на возобновителот на МПЦ. Објавените трудови се дел од пошироката иницијатива за научно и црковно проучување на личноста и делото на архиепископот Доситеј, кој ја предводеше МПЦ во периодот на нејзиното современо возобновување.
Инаку, архиепископот Доситеј е возобновител и прв архиепископ охридски и македонски на возобновената Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Тој се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен архиепископ на укинатата Охридска архиепископија во 1767 година.
Архиепископот охридски и македонски господин господин Доситеј II е роден во историското Маврово, на 7 декември 1906 година. Неговото родно место е сместено во најголемиот природен парк во Македонија, Националниот парк „Маврово“ на јужниот брег на денешното Мавровско Eзеро. Маврово, кое е планинско село, се наоѓа под падината на планината Бистра на надморска височина од околу 1200 метри. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, на крајот на XIX век, Маврово било распрснато и раздробено село на 8 маала, така што за негова обиколка биле потребни околу еден и пол час.



Роден е со крстено име Димитар Стојковски, како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината Бистра. Целиот свој живот го посветил во служба на црквата. Богословија
започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во црквата „Света Богородица Пречиста“, Кичевско.
Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко ја презел игуменот Митрофан од манастирот „Хилендер“. На Света Гора останал сè до 1932 година, кога поради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија.
Како монах Доситеј престојувал и во манастирите „Свети Наум“ во Охрид, „Света Богородица“ (Трескавец), Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12 февруари 1934 година, од страна на владиката Николај, во црквата „Света Богородица“ во Битола, Доситеј бил назначен за ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин.
Доситеј будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. Длабоко во себе бил свесен за своето потекло.
Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а истата година Српската православна црква, како казна за неговата „непослушност“ не му доделила стипендија за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак, бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно и да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во 1942 година.
Како последица на промените во Македонија за време на Втората светска војна, во Српската православна црква (СПЦ) настанале превирања. СПЦ сакала да ја спроведе старата српска црковна политика и да го врати во Македонија стариот скопски митрополит Јосиф. Доситеј, прво го отстраниле од црквата и го испратиле да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци.
Таму останал до 1949 година, каде прво добил титула архимандрит, а подоцна бил избран за епископ топлички – викарен на српскиот патријарх Викентиј. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22 јули 1951 година.
Доситеј ја дознал политиката на Српската православна црква и отворено се спротивставувал на ваквите намери. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква. Најголем дел од членовите во Одборот биле македонски свештеници, кои за време на војната и потоа, останале со народот и ја споделувале неговата судбина.


На иницијатива на Одборот, во декември 1951 година, Доситеј со благослов на српскиот патријарх Викентиј, ја посетил Македонија. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, првпат земјата ја посетил некој македонски владика.
Посетата на Доситеј во Македонија предизвикала негативни реакции кај радикалите во СПЦ, а по неговото враќање во Белград, бил остро напаѓан од поранешниот скопски митрополит во Македонија, Јосиф.
Додека Српската православна црква инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред сè, на митрополитот Јован, поранешен четнички војвода и познат по својата асимилаторска политика, паралелно Иницијативниот одбор решително се залагал на испразнетите места да дојдат македонски епископи.
Во 1957 година во координација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на српскиот патријарх Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии.
Истовремено, Синодот на СПЦ се обврзал на наредното собрание на Светиот архијерејски собир, во мај 1958 година да се изврши избор на Македонци архијереи за сите три епархии.
Вториот црковно-народен собор се одржал во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собoрот учествувале вкупно 219 делегати, свештеници и мирјани. На соборот во црквата „Света Софија“ била донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија.
Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност со одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереи да биде од Македонија, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула архиепископ охридски и скопски и прв митрополит македонски.
За време на изборот биеле сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во црквата „Света Софија“, свештеникот Нестор Поповски официјално му ја соопштил Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.


Во негово време од темел била возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 година била отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје.
Целиот свој живот го посветил на службата на Црквата. Тој будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква.
На вториот црковно-народен собор, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридска архиепископија.
Под негово раководство бил свикан Третиот црковно-народен собор, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ била прогласена за афтокефална.
 Инаку, во 1958 година, во Охрид се одржал Вториот македонски црковно-народен собор, каде што бил прифатен предлогот за обнова на Охридскаа архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ бил избран господин Доситеј. 
Одлуката за самостојност на МПЦ била потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, во јули 1959 година во црквата „Света Мина“ во Скопје, и во исто време била извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот архијерејски синод на СПЦ и дал самостојност на МПЦ, со што, таа и натаму останала во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх.
Во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигнал московскиот патријарх Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и свети Методиј во црквата „Пресвета Богородица–Каменско“ во Охрид била одржана и архијерејска литургија на којашто служел московскиот патријарх Алексиј во сослужение на српскиот патријарх Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Тоа било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви. 
Доситеј бил поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ биле Ангелариј (18.8.1981 до 15.7.1986 година.), Гаврил (4.10.1986 до 9.6.1993 година.), Михаил (од 21.12.1993 до 6.6.1999 година) и Стефан (од 10.10.1999 до денес).

Првиот архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во ликот на Македонската православна црква архиепископот господин господин Доситеј почина на 20 мај 1981 година. Неговиот гроб се наоѓа во црквата „Свети Димитрија“, во Скопје.






Во спомен на 25-годишнината од неговото упокојување, во 2007 година после Божествената литургија, по повод патрониот празник Свети Климент Охридски и 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје беше откриен и осветен споменик на архиепископот Доситеј, првиот поглавар на МПЦ. Споменикот на архиепископот Доситеј го изработи скулпторот академик Томе Серафимовски.









Пишува: СЛАВЕ КАТИН









 Macedonian Timeline Australia

Monday, December 1, 2025

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“




Славе Катин Монографија-КОРИЦА-PRINT_page-0001
Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје излезе од печат монографијата „Славе Катин – живот и дела“. Во неа на 290 страници на македонски и англиски јазик се дадени текстови за животот и постигнувањата на публицистичко и новинарско поле на Катин во период од 50 години,каде на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти за авторот и неговите 66 дела, Рецензенти на делото се Душан Ристевски-Македон од Австралија, д-р Лефтер Манче од Канада, Веле Митаноски од Македонија и Тодор Петров од Фондацијата „Д-р Лефтер Манче“, која е спонзор на оваа монографија.

Во воведот под наслов „Иселеништвото – животна определба на Славе Катин“ авторот  Душан Ристевски-Македон, меѓу другото, пишува дека македонското иселеништво е алфа и омега во творештвото на Славе Катин. Се’ што напишал и објавил во неговите книги, патеписи, репортажи, прикази, белешки и други текстови е длабоко проникнато со животот и опстанокот на македонските иселеници од сите делови на Македонија во светот. Тие се негова генетска преокупација, која го потврдува фактот дека е маѓепсан од феноменот на македонската голгота.


Македонското иселеништво е негова опсесија, од која нема да се раздели до крајот на својот живот. Зашто на овој свет дошол да трага по Македонците, по оние вистинските во земјата и во светот и со нив да го споделува и доброто и злото, давајќи се’ од себе да го осветли нивниот живот, нивните победи и порази, во сите фази на нивната цивилизациска битка за одржување во планетарната орбита, како ѕвезда чиј сјај не потемнува.


Педесет години Славе Николовски – Катин ја следи преселничката судбина на Македонците, нивната економска ситуација, културниот престиж, улогата на МПЦ во нивното мотивирање за реализација на бројни програми на медиумски, културно-уметнички, спортски и духовен план. Со фактографски материјали за состојбите на македонските преселници во светот, со афинитет да ги овековечи нивните судбини и со умешност и талент од секое пократко или подолго патување да подготви репортажа, патопис, скица или белешка. 

Со осет и љубов кон историјата на македонското печалбарство, Катин секогаш на секој Македонец му подарува убава литература, низ која ќе ја доживее својата судбина, не само во државата во која се преселил, туку и во својата Татковина. Се смета дека Славе Катин е еден од најдобрите познавачи на македонското иселеништво, кој со својата богата пишана продукција, со секој свој наслов ги збогатува хоризонтите на македонската вистина. Во нив тој ја открива болната трагедија на Македонците, подигната до ниво на една колективна национална судбина и историска категорија, исполнувајќи ја притоа општествената мисија во одржувањето и градењето на врските меѓу раселените Македонци и оние што живеат и создаваат во сопствената слободна и независна држава.

Преокупиран со македонската колективна судбина, Катин останува фанатично приврзан кон оваа важна национална тема. Тој ни ја открива најболната македонска трагедија, кревајќи ја и возвишувајќи ја на ниво на една колективна национална судбина и историска категорија, исполнувајќи ја, притоа, општествената мисија во одржувањето и градењето на врските меѓу расселените Македонци и оние кои живеат и создаваат во Република Македонија. Исто така, егејскиот, односно беломорскиот, пиринскиот и преспанскиот дел во Албанија, Катин ги оживува со цврста историска документираност и која потпира на потребната фактографска аргументираност, што на неговите дела на оваа тема им дава и еден мошне значаен историографски белег.

Катин е автор кој најимпресивно ги доловува талкањата на македонските економски емигранти по светот, односно нивното раселување, па и современото отселување, а низ тоа и нашето размакедончување, нашата најболна рана, која за жал и денес не стивнува. Поминувајќи од судбина до судбина, секоја различна по својот скитнички знак, Катин ефектно го прикажува духот и психата на тие несреќни луѓе, кои се уште не можат да ја прифатат својата судбина. Потврдувајќи се како автор со вистински афинитет кон оваа тема, Катин е нејзин верен и смел истражувач, нејзин страствен опсерватор и протагонист, нејзин очевидец и елоквентен сведок.

Во обединувачкиот чин на Македонците во иселеништвото, посебно место и улога има Македонската православна црква, чие делување континуирано го следи перото на Катин. По обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив и во прекуокеанските и европските држави. До крајот на Народно-ослободителната војна Македонците во иселеништвото се приклучувале кон други православни цркви, вршејќи ги православните обреди, не на македонски јазик и не во свои цркви.

Wednesday, November 26, 2025

ВО ШТО И КАКО НИ ПОМАГА ПИШУВАЊЕТО

Вообичаен и универзален, чинот на пишување го менува мозокот. Од брзото испраќање на загреана текстуална порака до пишување колумна, пишувањето ви овозможува, одеднаш, да ја именувате вашата болка и да создадете дистанца од неа. Пишувањето може да ја промени вашата ментална состојба од преоптовареност и очај во заснована јасност - промена што ја одразува отпорноста.

Психологијата, медиумите и индустријата за благосостојба ги обликуваат јавните перцепции за отпорноста: Социјалните научници ја проучуваат, новинарите ја слават, а брендовите за благосостојба ја продаваат.

Сите тие раскажуваат слична приказна: Отпорноста е индивидуален квалитет што луѓето можат да го зајакнат со напор. Американското психолошко здружение ја дефинира отпорноста како континуиран процес на личен раст преку животните предизвици. Насловите во вестите рутински ги фалат поединците кои одбиваат да се откажат или да најдат позитивни страни во тешки времиња. Индустријата за благосостојба промовира неуморно самоподобрување како пат кон отпорност.

Tuesday, November 25, 2025

ЗБОРУВАЊЕТО НА ПОВЕЌЕ ЈАЗИЦИ ГО ЗАБАВУВА КОГНИТИВНОТО СТАРЕЕЊЕ

Невронаучниците проучувале повеќе од 80.000 луѓе и откриле дека зборувањето повеќе јазици може да го забави стареењето на мозокот
Огромна анализа на податоци од широк спектар на учесници пронајде поврзаност помеѓу повеќејазичноста и когнитивното стареење

Ново истражување сугерира дека повеќејазичноста може да го забави когнитивното стареење. 
Кога станува збор за здраво стареење на мозокот, советите обично вклучуваат здрава исхрана, активен престој и одржување социјални врски. Сепак, новите докази додадоа дополнителна задача на списокот - учење на друг јазик.

Истражувачите откриле дека зборувањето повеќе јазици може да биде поврзано со намален ризик од забрзано когнитивно стареење. Нивната студија, објавена на 10 ноември во списанието Nature Aging, покажува дека поттикнувањето на повеќејазичноста може да биде корисна стратегија за јавно здравје.

Додека некои претходни студии покажаа дека зборувањето повеќе јазици може да помогне во заштитата на меморијата и вниманието, целокупниот заклучок е прилично неубедлив поради малите големини на примероците, несоодветните начини за мерење на стареењето и други фактори. Со анализа на податоци од анкети на повеќе од 86.000 здрави лица на возраст од 51 до 90 години во 27 земји низ Европа, тимот што стои зад неодамнешниот труд избегна некои од овие стапици.

„Ефектите од повеќејазичноста врз стареењето отсекогаш биле контроверзни, но не мислам дека имало студија од ваков обем претходно, што се чини дека ги демонстрира доста решително“, изјави за Кејти Кавана од „Nature“ Христос Плијацикас, когнитивен невронаучник на Универзитетот во Рединг во Англија, кој не бил вклучен во студијата.

Истражувачкиот тим што стои зад новата работа ја утврди разликата помеѓу вистинската хронолошка возраст на секој учесник и нивната предвидена возраст врз основа на фактори на здравје и начин на живот. Ако нечија предвидена возраст е многу поголема од нивната хронолошка возраст, тие стареат побрзо од очекуваното, што може да го зголеми ризикот од болести поврзани со возраста, според Амбер Луиз Брајс од „Euronews“.

Научниците го испитале јазот на секој учесник помеѓу нивната хронолошка и предвидена возраст во однос на бројот на јазици што ги зборувале, врз основа на самопријавување.

Monday, November 24, 2025

НАТПИСИ СО АНТИМАКЕДОНСКА СОДРЖИНА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ!

Александар ДОНСКИ


За време а владеењето на Заев кај спомениците од историјата на античка 
Македонија (посебно кај оние на мостот пред Археолошкиот музеј во Скопје) беа 
поставени натписи со антимакедонска содржина во кои се величи големогрчката 
пропаганда, а македонските владетели од времето на античка Македонија се 
прогласени дека припаѓале на „античката хеленска култура и цивилизација“ (!?). За 
време на мојата неодамнешна посета на Скопје видов (и фотографирав) дека табли 
со ваква антимакедонска содржина се поставени под статуите на: Архелај Први, 
Каран, Пердика Први, Парменион, Аминта Трети, Филип Петти и Персеј, додека под 
останатите статуи немаше табли (веројатно се извадени). Идиотизмот на авторот на 
овие „натписи“ оди до таму што дури не е ни спомнато дека Филип Петти, Персеј, 
Архелај Први и Аминта Трети не биле какви било „историски личности“, туку биле 
КРАЛЕВИ на една од најмоќните држави во светот во тоа време! Барем да напишале 
нешто во стилот: „Аминта Трети – крал на античкото кралство Македонија кој владеел 
од 392 до 369 година пред Христа“ Но, не. Според авторот на текстот на 
инкримираните натписи не било важно што Аминта Трети (но и другите горе спомнати) 
биле кралеви, туку важно било дека припаѓале на „хеленската култура и цивилизација“, 
што патем воопшто не е точно! И сето ова го гледаат десетици илјади странски туристи 
кои ги посетуваат овие споменици и се сликаат крај нив... Но, да видиме врз основа на 
што тврдам дека ова се натписи со длабока антимакедонска содржина кои ја брукаат 
нашата држава и историја пред светот. 

Wednesday, November 19, 2025

ДОДЕЛЕНА БЛАГОДАРНИЦА НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

Александар Донски, наш познат историчар и борец за човековите права на Македонците во егејскиот и во пиринскиот дел на Македонија, неодамна подготви брошура наменета за Македонците кои денес живеат во егејскиот дел на Македонија. Брошурата носи наслов „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ со поднаслов „ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ОПОНИРАЊЕ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДЕНАЦИОНАЛИЗАТОРСКА ПРОПАГАНДА ШТО ДО ДЕНЕС  СЕ ВОДИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА НИВНО ГРЦИЗИРАЊЕ“.

 Во оваа брошура аргументирано се побиени и демаскирани најударните исторски ставови на големогрчката анти-македонска пропаганда, со што на нашите сонародници таму ќе се им помогне во зацврстување на сознанието дека тие се Македонци, а не Грци. Брошурата е во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на чело со претседателот Душан Ристевски, во соработка со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. Спонзори на брошурата се Трајче Трајкоски и Гордана Димовска од Австралија.  Во моментов македонските патриоти од егејскиот дел на Македонија ја преведуваат книгата на грчки јазик, по што истата ќе биде бесплатно делена и масовно ширена среде нашинците таму.

 

Macedonian Timeline Australia

ПОСЛЕ 100 ДЕНА ПРОТЕСТИ ЗА СЕЧАТА НА ШУМАТА НАД ЉУБОЈНО – НАДЛЕЖНИТЕ МОЛЧАТ!



C:\Users\User\Desktop\583711008_838409349133126_2707482413607368755_n.jpg

Љубојно е познато како едно од најголемите иселенички населби во Преспа. Во неговата историја е забележано дека македонското населие од Љубојно учествувало во Илинденското востание и во Ослободителната борба на Македонија, потоа во него е отворено второто училиште на македонски јазик во државата по ослободувањето. Исто така, тоа е атрактивна туристичка дестинација со долга и значајна историја.


Љубојно е едно од најубавите села кое пленува со своите архитектонски градби, со стилот на старите куќи, сокаците и дворовите, како и со иновациите во начинот на живеење што бројните печалбари ги пренеле од светот во својот роден крај.

 

Меѓутоа, прашањето со уништувањето на шумата над селото е под сите критериуми и го натера население, ни малку, ни многу, туку 100 (и со букви сто) дена мирно да протестира за сечењето на шумата, кој е невиден случат во самостојна и демократска Република Македонија. За жал, надлежните органи во Република Македонија молчат како ништо да не се служува и некажуваат дали нерегулатното сечење на шумата е плански и според законите.