Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2015

THE WRITER'S FESTIVAL IN MILL PARK

The writer's festivals are very popular in Australia. They are an amazing field of innovation, exploring new ways to connect with participants.T hey serve the interests of many  different people in one event.

ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА “ДОЖИВУВАЊАТА НА МАЛАТА АНГЕЛА“

Најнова книга на Љубители на литература, култура и наука “Св. Висарион“ “Доживувањата на малата Ангела“ На 24 - ти мај во Домот на културата во Охрид се одржа промоција на новото издание на Љубители на литературе, култура и наука “Св. Висарион“, книгата од Ангела Маркоска “Доживувањата на Ангела“. Оваа книга е дело кое останува како сведок за едно девојче кое го сака животот и успева да преброди тежок период. Младата писателка пишува за нејзината борба со леукемијата и нејзиното болно, тешко искуство низ кое помина. После тешката борба Маркоска е излекувана, а нејзина цел е да со оваа книга им даде надеж на сите оние кои поминуваат низ пеколот  низ кој поминала и самата.

НОВИ СТИХОЗБИРКИ НА ЉУБИЦА ПОПОВСКА

Уште две нови поетски остварувања на поетесата Љубица Поповска. Од печат излегоа стихозбирките: “Пролет во мојата душа“ и “Битола Бабам Битола“. На 70 страници е излеана пролетта во нејзината душа како што и самиот наслов кажува. Љубица пишува со неизмерна мотивација и љубов кон нејзините внуци кои длабоко ја инспираа да и се врати на поезијата. Во предговорот на книгата стои: “Песните ја откриваат светлината, топлината и радоста која ја носат внуците доаѓајќи на овој свет. Се е кристално јасно и лирично. Песните и никнаа дишејќи со нив, смеејќи се, милувајќи ги нив.“ - Елена Поповска “ Нивните лица пролетно насмеани весели гласови ко потоци распеани. Тие се и денот нов што се раѓа и сонце што грее и шепот на ѕвезди. Прв чекор, насмев, запче. “ Во четириесет песни Љубица пишува за Битола, за битолската чаршија, пајтоните, саат кулата, спомените, љубовта кон родниот град. Низ стиховите се редат емоции, воздишки, почит кон минатото, времето како да застанало и ги оживува повторно сит...

ОДРЖАН САЕМ НА КНИГАТА ВО МЕЛБУРН

Австралиско Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци“, Мелбурн во чест на 24 – мај Денот на македонските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј одржа Саем на книгата во просториите на библиотеката Thomastown. Беа изложени голем број на книги од македонски автори и секако од авторите – членови на друштвото. Ова беше одлична иницијатива и чекор напред кон промовирањето на македонскиот збор и писмо меѓу Македонците во дијаспората. Како дел од кампањата “ Сакај ја книгата, негувај го јазикот“, Друштвото “ Браќа Миладиновци“ развива силна идеја меѓу Македонците во дијаспората и планира голем број активности за деца со кои би го поттикнале интересот за јазикот и меѓу најмладите од македонско потекло. Како пример за тоа беше и настапот на малата Шана Јовановска која ги импресионира присутните со чистото зборување Македонски јазик раскажувајќи занимливсти за Македонија.  За малите учесници на овој Саем беа подготвени посебни активности и беа потпомогнати со Верк...

НАД БИТОЛА

Автор: Љубица Поповска Месечеви коси ги прибрале Сите светлости на градот Што крај Пелистер е вгнезден. Илјади светла, ко илјади жарови Што искрат во ноќта Месечина цела. И месечина тиха, спокојно Ко на дланка Го носи шепотот на повевот тивок И секој во оваа вечер е побогат За уште еден живот. На малку само искрите им гаснат А луѓето дишат Во животот река. И градот дел од гнездото свое Или пак одлеаните зраци, Ко пролетни птици се враќаат, ете. Избор од стихозбирката Битола Бабам Битола (второ проширено издание) на поетесата Љубица Поповска

МОНОЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Автор: Трајан Цветаноски - Врбјанец Член на литературното душтво “Браќа Миладиновци“, Мелбурн A, кога за тебе Македонијо во вечност, засекогаш споменувана МАКЕДОНИЈО Песна немат без Твоето Име Зошто си Бисер за милување Од срца во песна спомнувана Во нас, ко палеж и огон разгорувана.  МАКЕДОНИЈО Кога тебе те спомнуваме На света трпеза заседнуваме А кога за тебе беседиме И света столица опсадуваме МАКЕДОНИЈО А кога за ТЕБЕ гинеме Херојски со смртта те повикнуваме Со крвта наша ја напиваме Твојата света постела. МАКЕДОНИЈО А кога за тебе умираме Македонската земја ја бакнуваме А кога, црната земја не покрива Со подземните БОГОВИ зборуваме МАКЕДОНИЈО Брежано ти е ИМЕТО, во песните Со името ТВОЕ сне највеселите Кај ОРФЕЈА со песна ќе пееме А името ТВОЕ ќе го спомнуваме на Ангелите ЗА ТЕБЕ. За ТЕБЕ наша АЛЕКСАНДРОВКЕ ЗА ТЕБЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВСКА ИЗГОРО Среќен и безвременски да и бидит На нашата мила земја 21-та годишнина И ...

ВРЕМЕ Е ДА СЕ СПАСИ МАКЕДОНИЈА

Ванѓелко Лозаноски На улици река од народ, сите МАКЕДОНЦИ, протестираат против Владата, а други излегоа за поддршка на Владата. Не е ли премногу се одеднаш и пак сме во центарот на вниманието во светските медиуми. Само за арно да е и за добро на народот кој треба да гласа и да даде доверба да ја водат државата. Македонците во дијаспората се исто така чеда на оваа наша земја. Имаат друга улога таму далеку во туѓина, но да не го заборавиме и нивниот допринос во борбата за македонското име, јазик и идентитет. Македонци во дијаспората и во вас гледам спас. Не не одминувајте во овие тешки моменти, дојдете, посетете не, подајте ни рака. Подајте рака на оваа СВЕТА -БИБЛИСКА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА, на народот напатен, на вашите браќа и сестри. Подајте рака на родината која  низ вековите се претвори во уметничка оаза, на цркви и манастири со уметнички сликарски-резбарски дела, со мaкедонс к а  архитектура со китни села.  А зошто сме сега дојдени до оваа состојба, одговорот е јасе...

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА СТАРИОТ ДАБ

Автор: Славко Крстевски Во пресрет на 25-ти октомври, денот што сакам да го прескокнам, а тој се закопал длабоко во МЕНЕ. Беше самоник и самотник изгубен во просторот и времето без надеж и иднина на работ од провалијата на крајот од животот долета неговата божица го понесе во височините го круниса во цар и крал над сите цареви и кралеви царуваше и кралуваше со светот со земјата со вселената гордо опстојуваше на највисокиот рид прв го здогледуваше изгрејсонцето последен зајдисонцето немаше толку висока планина што ќе му го попречи недогледот хоризонт не постоеше сонцето изгреваше од земјата зајдуваше во водата со врвот беше закопан во небото ѕвездите му беа на дофат месечината во дланките СЕ БЕШЕ НЕГОВО...

ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈА НА “БИТИСУВАЊЕ“ И “КРИКОВИ“ ОД СЛАВКО КРСТЕВСКИ

  Во организација на Социјалните културни здруженија на Демир Хисар и С. Слепче од Мелбурн, денес 15 мај, 2015 година во просториите на Sheldon Receptions , се одржа промоција на две значајни дела од писателот Славко Крстевски од С. Слепче, Македонија. Книгата, роман-мемоар    “Битисување“ и стихозбирката “Крикови “ се уште два бисера во македонската книжевност, книги кои претставуваат трајно сведоштво за важни моменти, настани, емоции, страдања, воздигнувања. Програмата започна после оддавањето едноминутно молчење за загинатите бранители во последните инциденти во Македонија. Н а овој културен настан присуствуваа Конзулот на Р. Македонија за Австралија, Бети Коруновска која исто така се обрати до присутните и ја потенцира значајноста од одржување на вакви настани како и честитки за овие вредни дела на писателот Крстевски. На заедничките денови со писателот се потсети и претседателот на Културно   Социјалното Друштво – Демир Хисар, г-нот Симe Цветановски.

ВИЗИЈАТА И ЉУБОВТА НА КРСТЕ П. МИСИРКОВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНИЈА

Со љубов за Македонија  ВИЗИЈАТА И  ЉУБОВТА НА КРСТЕ П. МИСИРКОВ  ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНИЈА од  ВАНЃЕЛКО ЛОЗАНОСКИ МИЛИЦА ПАУЛУС Промовирано уште едно вредно дело во македонската книжевност. Авторите Ванѓелко Лозаноски и Милица Паулус со голема љубов кон Македонија, вредно работаат во областа на книжевноста и на 12 мај, 2015, ја промовираа книгата Визијата и љубовта на Крсте П. Мисирков за македонскиот јазик и Македонија во библиотеката на Домот на културата во Кичево. Книга -која ги возвишува македонските културни и јазични-к вредности- и ги сплотува Македонците од целиот свет. Книга со најсветли ѕвездени страници на земјата просветителска - Македонија. Од епохалната славна  мисијата на Светите Кирил, Методиј, Климент и Наум за словенскиот свет и светската просвета па се   се до возвишеното  дело на Мисрков-„ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“ за основањето на македонскиот литературен  јазик. Во страниците на оваа книга има и з...

МАЈЧИНИОТ ГЛАС

Во ноќта тивка и пуста, Погледнав горе и видов ѕвезди рој, Со скршено срце, со тажна душа Барав небо, барав спас, ми треба некој глас. О сјајна ѕвездо, ти сестро мила Погледни ме и кажи, што сторив, што згрешив Да застанам или да продолжам! Судба ли ми била најтешко да видам Остави ме да одам по својот пат Да стигнам таму каде сум јас, само јас Го чувствувам денот, го гледам сонот Мојот последен сон, таму е мајка, мојата мила мајка И чиниш ти зборува силно, те теши и гушка ‘ Tи изоди го патот ќерко, тој е само твој Така мајка ќе те прати како ѕвезда на небесниот свод Ти знаеш каде, ти знаеш зошто, ти знаеш како! Не дозволи никој да те врати назад, Чекор напред е чекор до врвот, Ти умееш сама, ти моја ќерко сакана! Автор: Гордана Димовска  Majciniot glas - avtor: Gordana Dimovska

ПРОМОЦИЈА НА “ВИЗИЈАТА НА КРСТЕ МИСИРКОВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“

Љубители на литература, култура и наука, “Свети Висарион“ Демир Хисар и Песнопеј, Битола, организираат промоција на големото научно дело “Визијата на Крсте Мисирков за македонскиот јазик“ од авторите Ванѓелко Лозаноски и Милица Паулус. Настанот ќе се одржи во библиотеката на Домот на културата во Кичево. Ќе настапат и поети со своја поезија

МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ

Со чекори смели,  достоинствено  и    храбро Македонски херои, рамо до рамо застанаа да бранат Браќа и сестри, Македонци свои. Нивните имиња историја пишуваат сега, За злосторства и терор над земјата света. Часови минат во очај и тага  И домот е празен и душата пуста народот жали и плаче, за чедата свои Една мајка стои крај прозорец и пати не верува дека синот нема да се врати.