Sunday, July 31, 2016

СО ЉУБОВ ЗА МАКЕДОНИЈА - ДОНЧО АНГЕЛОСКИ

Делата зборуваат
“Ако еднаш засакаш нешто вистински, секогаш ќе го сакаш, а ако престанеш да го сакаш значи никогаш не си го сакал вистински“ - Дончо Ангелоски

Љубовта кон татковината е силна движечка сила која го тера секој иселеник да формира здруженија, да се вклучува во активности од интерес на Заедницата и матичната земја. Да се остави белег по години на активност во македонската заедница е значајно како за активистите така и за генерации што следат. Доброволните активности се доблест, личен избор на индивудалци да се вклучат во активности без посебни директиви од политички партии или институции. Од таму започнуваат идеи, иницијативи, надежи, амбиции, желби за да се оствари некој значаен проект. Тие што го избрале овој пат имаат исклучителна дарба, вишок на енергија и секако големо срце и безрезервно го даваат своето време без финансиски надомест во остварување на целта.
Во одреден период поради разни прични, неко се обесхрабрени или демотивирани но тоа не значи дека треба и да се заборават. Еден од нашите истакнати активисти во Македонската заедница во Мелбурн, Австралија е и Дончо Ангелоски, уредник и сопственик на Радио Илинден Мелбурн кој несебично  спроведе низа активности во Заедницата од голем интерес за Македонците.

Saturday, July 30, 2016

ИЛИНДЕН

Автор: Љубица Поповска
Пиштат зурли во подножјето
на огништето Македонско.
Се корнат облаци
од пештерите
за да се ослободи
со вековите
окованото сонце
на Прометеј Македонски,
и да се скршат прангите
згрчени на тиранијата.
За уште едно
себенаоѓање во
Историјата,
да потече мислата
и смислата на
живеењето !

Wednesday, July 27, 2016

ХОБИ ЗА ПОСРЕЌЕН ЖИВОТ

Во 16тиот  век, терминот "хоби" имал значење на "мал коњ или Пони" и се однесувал на тоа да следиш некој омилен начин на поминување на времето. За првпат во англискиот речник е воведен во 1816 година. Во текот на подоцнежните векови, терминот е поврзан со рекреација и одмор. Во 18-от век со повеќе слободно време после работа, хобито си добива свое место. Хобито стана активност која се практикува во слободно време.

Tuesday, July 26, 2016

ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ “ЕДИНСТВЕНА ЉУБЕНА“ ОД ВАНЕ ЛОЗАНОСКИ

Единствена моја љубена ќе те пронајдам и на крајот од светот“-современа Македонска проза ,роман на професор Ване Лозаноски
Возбудлива љубовна приказна која ќе ве остави без здив. Даме главниот лик во романот полн со самодоверба и силни чувства кон саканата Дивна тргнува на пат кон својата сакана Дивна која е во Австралија.Љубовта е чудна маѓија а често и чуда прави,љубовта како основен двигател на човечкото постоење извор на креативно проектирање,основа за градење односи меѓу луѓето.
Љубители на Култура, литература и нака Св Висарион и авторот, ве покануваат да се запознаете повеќе со содржината на овој возбудлив роман.
Исто така ќе биде претставена и најновата книга со поезија од Сотир Ничов, “Егејски воздишки“ .
Промоцијата ќе се одржи на 28 јули четврток, во 14.00 часот - ЛУ градски музеј, Крива Паланка
New novel "My only beloved, i will find you at the end of the world" by Vangelko Lozanoski was launched in Kriva Palanka on the 28 of july at 2.00 pm at The museum. Also the new poetry book by Sotir Nichov will be presented by Vangelko Lozanoski.




Macedonian timeline

Sunday, July 24, 2016

УСПЕШЕН КОНЦЕРТ "ХАРМОНИКИТЕ" ОДРЖАН ВО БИТОЛА

На 20.07.2016 година во Магазата, во Битола се одржа Концертот,  Хармониките. Организатори на Концертот се Здружението Непокор и Савевски Продукција. Оваа година Концертот по четврти пат се одржа, а на него учествуваа врвните виртуози на хармониката:  Маестро Милан Завков, Кирил Стојчевски, Мишел Трајковски и Димитар Митровски.
Придружуваа музичарите Златко Петровски, Трајче Ивановски и Ратко Крапчев. Публиката во Магазата и околу Магазата уживаше во прекрасната изведба на виртуозите на хармониката.

ИНТЕРВЈУ СО ГОРДАНА Б. НИКОЛОВСКА

Љубовта е таа е фундаментална честичка на цело битие. Суштинска појава, многу важна за секој сегмент во животот. Основна компонента во ова соедниние наречено живот..."Гордана Б. Николовска 
Љ.П - Исклучиво вашите песни се за љубов, зрачат со љубов во сите нејзини облици.Зошто токму љубовта во вашите песни?

Гордана Б. Николовска - Мојата поезија е типично љубовна поезија. Стожерен мотив е љубовта. Зошто токму љубов? Љубов затоа што таа е фундаментална честичка на цело битие. Суштинска појава, многу важна за секој сегмент во животот. Основна компонента во ова соедниние наречено живот... Значи ние уште од самото раѓање го носиме инстиктот да сакаме, но  и да бидеме сакани. Сите ние копнееме за љубов која комплетно ќе не’ исполни, ќе не’ направи среќни, задоволни индивудуи и некому потребни. 

Saturday, July 23, 2016

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО НОВА ИГРАОРНА ГРУПА

СООПШТЕНИЕ
12.07.2016
Македонското Младинско Културно Уметничко друштво “Никола Каревотвора нова играорна група за деца кои сакаат да го изучуваат македонскиот фолклор. Со новата група ќе се започне во вторник на 9-ти август и среда на 10 – ти август. Пробите ќе се одржуваат во Parkwood Green Community Centre  на  88 Catherine dve, во  Hillside. За повеќе информации, сите заинтересирани да се јават кај претседателот на друштвото Аце Петровски на мобилен 0417128641 или Мери на мобилен 0407100907.
Со почит:
Од управата на ММД “Никола Карев“

 Macedonian timeline

ФОТОГРАФИЈАТА ДЕНЕС

Колку фотографии се потребни од секојдневното излегување на прошетка во продавници, ресторани, свечености, патувања или себеси?  Очигледно е дека на секој чекор и секои десет минути, луѓето фотографираат. Од ексесивното фотографирање човекот ја губи способноста да ги доживува настаните околу себе и способноста да се наврати на нив и самиот. 

НАСИЛСТВО ВО ДЕТСКИТЕ ВИДЕО ИГРИ

Околу 90 отсто од американски деца на возраст од 8 до 16 играат видео игри, и тие трошат околу 13 часа неделно на игри. Најновата студија смета дека виртуелното насилство во овие игри може да ги натера младите да бидат поагресивни во реалниот живот. Сето тоа е затоа што децата во игрите имаат за цел да убиваат луѓе.
Деца и во САД и Јапонија, кои се изјасниле дека играат многу насилни видео-игри имале повеќе агресивно однесување неколку месеци подоцна, отколку нивните врсници кои не се.
Многу студии поврзани со насилство во ТВ емисии и видео игри, придонесуваат за насилно однесување. И покрај обидите некои држави да ги забранат за деца испод 18 години, нивните барања завршуваат без успех.

Thursday, July 21, 2016

КУЛТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ВОЗНЕС“ 2014 СО СИЛНА МИСИЈА

Повод за овај напис се признанијата и наградите кои ги добивме јас и Гордана Димовска на Манифестацијата"Вознес 2014" и конкурсот за поезија под името "Битола ,момо нагиздена со што оваа манифестација доби и меѓународен карактер.
Нема град што може да се пофали како Битола да има свој патник низ времето посеано со љубов и топлина од душата збогатено со дела од музата на поезијата.Секој збор,секој чекор,секое утро да биде Битола и само Битола.Сета љубов,сиот живот и енергија да ги внеси во едно капитално дело за Битола,"Перформансите на Широк Сокак".И пред крајот на изодениот животен пат,Битола ја збогати со поетската,културна манифестација"Вознес 2014" за да не ја дочека следната година.
Но,негов наследник стана неговата ќерка Гордана Такец,која во име на таа љубов и тој завет го продолжи"Вознес 2014",зашто сеуште по битолските улици чекори тој,синот на Битола, Димитар Димитровски Такец.

Sunday, July 17, 2016

ЈАС СУМ ОБИЧНА

 
Автор: Јасмина Јошевска
Што бараш
низ обичноста моја?
Нејасна е
сокриена низ проѕирките на просторот.
Причина за будност
каде денот
најмирно зборува
за ветувањето
дека слабоста не е моќ
да ги спои денот и ноќта

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО НОВА ИГРАОРНА ГРУПА


Македонското младинско Културно Уметничко Друштво “Никола Каревотвора нова играорна група за деца кои сакаат да го изучуваат македонскиот фолклор. Со новата група ќе се започне во вторник на 9-ти август и среда на 10 – ти август. Пробите ќе се одржуваат во Parkwood Green Community Centre  на  88 Catherine dve, во  Hillside. За повеќе информации, сите заинтересирани да се јават кај претседателот на друштвото Аце Петровски на мобилен 0417128641 или Мери на мобилен 0407100907.
Со почит:
Од управата на ММД “Никола Карев“

Wednesday, July 13, 2016

КЛАВИРОТ НА ЖИВОТОТ

Автор: Јасмина Јошевска

Низ солзата
цветови се родија
штом падна
од окото што пресуши
опојно надојдени стихови
родија мисли,
одново воскресна телото.

НЕДОПРЕНА


Автор:  Гордана Б.Николовска
Сè уште го чувствувам мигот на краткиот кревок колеблив допир, и сега размислувам за пред и потоа...
Моиве очи само тебе те гледаа,
моево срце само тебе те сакаше...
Знам тешко ти е да поверуваш,
зашто вербата ти е исчезната,
се двоумиш и колебаш,
 и многу ме растажуваш.

Но, јасно јас забележав, дека ти кон нов пат тргнуваш, рацете кон друго ги подаваш.

РАЗГОВОР СО МЛАДАТА ПОЕТЕСА ЈАСМИНА ЈОШЕВСКА

  "Само најдоброто е доволно добро" - Јасмина Јошевска
Љубица Поповска: Повод промоција на твоите две збирки поезија "Од чешмата на времето" и "Клавирот на животот", поезија која плени. Каква е твојата порака во песните и која беше инспирацијата за нив?
Jасмина Ј. - Мојата порака е дека љубовта е таа што нè прави човечни. Да го замислиме светот како розов, да можеме да делуваме со насмевка кон другите.
Збирките беа промовирани и во моето родно Крушево.
Љ.П: Кој ти беше промотор и кој ја рецитираше твојата поезија?
Јасмина Ј. - Промотор ми беше познатата писателка и поетеса Гордана Такец. Песните ги рецитираа познатиот актер Петар Горко и спикерката на тв Орбис Емилија Сарафска. Тие со својата професионалност рецитирајќи ја мојата поезија ги восхитија присутните, да ја чувствуваат поезијата како дел и од нивната интима.

Tuesday, July 5, 2016

СЕЌАВАЊА

Автор: Љубица Поповска
Сеќавањата како
езерски далги
го заплискуваат
моето срце
за времињата наши
минати,
во сè уште неизгаснатиот
жар
на нашето татково
огниште .
Од твојата топла душа
како од полн пехар,
пиевме добрина и грижа.
Бдееше над нас
како сјај на месечина 
цела.

Sunday, July 3, 2016

МОЌНО ПСИХОЛОШКО ОРУЖЈЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Михаил Литвак (Mikhail Litvak) е доктор, психотерапевт и еден од најдобрите психијатри во светот. Тој беше првиот кој го разви системот за решавање на конфликти, наречен психолошко Аикидо.
Инаку, аикидо во спортот е јапонска боречка вештина за самоодбрана.
Доктор Литвак дава 20 куси совети кои ако луѓето навистина ги разберат и применуваат ќе немаат никакви пречки во својот живот. 
1. Ако човек нема ништо добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе зборува лошо за другите луѓе.

Saturday, July 2, 2016

СЕЌАВАЊЕ НА РАЗГОВОРОТ ЗА ПОЕЗИЈАТА СО ДЕСАНКА МАКСИМОВИЌ

Љубица Поповска се сеќава на разговорот и честа која ја имаше како студент да се сретне со реномираната српска поетеса Десанка Максимовиќ и притоа да ги забележи нејзините одговори на поставените прашања. Во прилог го издаваме во целост нејзиниот разговор објавен и во списанието За вас и вашиот дом.
Тивка, приступачна со вечен намев, готова секогаш на секое изненадување да одговори со изненадување и љубезност но над се, стрплива да го ислуша човека до крај. Ја запознав таква при мојата средба со неа во Белград. Ја искористив можноста да ми одговори на некои прашања и побарав слика но таа место слика ми ги напиша на разгледница следниве стихови: како помен, како порака, како посвета – сеедно. "Спустила сам очи и заплакала у себи, тамо где нико сузе не види , и последњи невидливи пут узела сам те и загрлила као што се сан грли".
Љ.П - Песната е ваш составен дел, како почна да се раѓа во вас и кога?
Десанка:Човекот, поетот, никогаш не знае зошто ја сака работата со песната, тоа не го прави при потполна свест. Да да пишувам почнав во времето на мојата младост.