Language Trainers е јазична платформа во Мелбурн, која ja започна својата мисија во 2004 година со цел да им помогне на учениците од целиот свет да учат јазици. Се нудат часови за над сто јазици меѓу кои од неодамна се вбројува и македонскиот. Имено, Language Trainers доби побарувања за изучување на македонскиот јазик па и понуди позиција на Гордана Димовска од Мелбурн. Гордана со задоволство ја прифати оваа позиција и гледа голема иднина во оваа платформа, можност за сите возрасни Македонци и луѓе од други националности да го учат македонскиот јазик во време кога тие сакаат. Засега се пријавени возрасни од Канада и сојузните држави на Австралија. Токму оваа платформа нуди можност на луѓе кои не можеле или не сакале да го научат јазикот во детството а им потребал на возрасни години. Најчести причини за барање часови се луѓе од мешани бракови, во кои едниот не е Македонец/Македонка па сака да го учи јазикот на својот сопатник. Друга група на заинтересирани се млади Македонци од А...
Macedonian Timeline Australia
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ