Пишува: Ванѓелко Лозаноски “Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот .“ Македонската, античката школа Пела, научниците ја премолчуваат, но сепак низ историските извори ни даваат драгоцени податоци за нејзиното успешно работење, од основање, наставата, наставната програма, наставниот кадар, предметите, без поконкретни објаснувањеа. Посебно внимание на античките македонски училиштата и школите им посветува Ангелина Маркус, со посебен осврт на Александриската медицинска школа, која се надоврзува на античката школа Пела, со учебници и наставен кадар од Македонија. Ако не постоеше Македонската античка школа Пела, не можеше да се основа ни Александриската медицинска школа, за која пишува научникот посветен на антиката Ангелина. Таа во втората книга "Македонски древни вредности", зборува за постоењето и работењето на три школи и тоа: МУЗЕУМ, ГИМНАЗИУМ - средно образование и ЛИЦИУМ - виша воена Школ...