Skip to main content

Posts

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓорги Парго се истакнале со своите историски дела. Основното образование го почнал во родното село, но откако училиштето сe  затворило, продолжил да оди во Царев Двор, со својот другар Владе Шарковски, секој ден и по студ и по невреме преку Езерени, пешки по десеттина километри кон Царев Двор и назад. Се истакнал со бистрина и највисоки оценки поради што редовно и бил пофалуван од наставниците и од директорот на училиштето Ѓорги Прцуловски, кој понатаму го смета за свој доживотен пријател. Детството го поминал и на училиште и на нива, биле тоа години кога во помагање на семејството биле вклучени и тој и помалите сестри Златка и Лепа. Средно училиште тргнал да учи во Битола, но по две недели поминати таму го предомислил неговиот татко Лазар, за да биде поблиску до него, тој тогаш работел во "Гранит" како надгледувач на изградба на патот Ресен -...

ЕКСКЛУЗИВНО СО СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НОВАТА ЕМИСИЈА РАСПЕАНА МАКЕДОНИЈА

МТ – Кажете ни за каква нова емисија станува збор? СМ - Кога станува збор за една музичка емисија пре д се треба да се нап р ави концепција како би одела емисијата,треба добро да се размисли и да се внесат новитети за да бидат задоволни гледачите. Впрочем  и оваа емисија е создадена за гледачите и пред се најважно е мислењето на гледачите. Рејтинг на самата  емисија ја прават квалитетните песни, спотчиња, квалитетната музика која пред се треба да биде одбрана,кога велам одбрана тоа значи да се опфатат и доаените на македонската музика бидејќи,тие се нашите музички амбасадори. Ќе се потрудиме да го задоволиме вкусот на гледачите јас како музички уредник и Владо како монтажер и реализатор и секако екипата на Тв Сонце.   МТ – Кој ве поддржува во овој најнов проект? СМ - Би сакал пред се да истакнеме дека голема подршка имаме и од нашиот сопственик, на Тв Сонце господинот Џорџ Атанасоски главниот уредник  Игор и секако директорот Владимир Спасиќ.Се надеваме дека о...

Преку големата водa

Автор - Оливер Крстевски Зошто дојде како да е мода Да се оди преку големата вода За печалба, пуста и тешка Се прави страшна грешка. Да се кине срце на мајка А не живот како од бајка Да ве гледа во нејзин двор А вака не можи да изусти збор. Солзи рони, на гради грутка Ах сега да беа тука Да има за кого зелник да месам Вака сама крај оган, а се тресам. Само слушам гласови и шумови Ете, идат по нашите др умови! Но, од сон ме будат кучиња Збунето(а), не биле моите внучиња.

ЕЗЕРСКА СЛИКА

Автор: Оливер Крстевски Утринско ветре водите ги брани А ние на брегот сосема сами Сонцето ѕирка со срамежлив сјај А ние посакуваме да нема крај. Гушнати двата како во рај Заљубени силно до бескрај Летнати високо "то тhe sky" Во охридскиот бисерен крај. Зеленилото со ладовина мами Како да не беше вака лани Дали умот го губам Што тебе многу те љубам.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автор: Оливер Крстевски Татковина моја мила до кога ќе имаш сила? Овој грев и терор да ги трпиш со придавки името да го крпиш. Сите соседи многу н'е љубат дел по дел само си кубат многу се себични и снажни нашите корени не им се важни. Други судбината н'и ја кројат трите дела да не се спојат сакаат историјата да ја сменат имотите и името да го пленат. Тука помагаат в жештени  глави погрешно име да се слави за ќар се прави таа грешка за исправување мака тешка. Немојте да бидеме робови да се вртат дедовци во гробови да се чудат што станало со светот и за кого прерано го завршиле векот (зошто прерано го завршиле векот). Немојте отров од уста да тече и трајна болка в срце да пече многу крв од херои е пролеано за ова име да биде засеано. Ох татковино напатена и мила со ова име вечна да би била сонце да грее, птица да лета Република Македонија Да Е Света! Автор: Крстевски Оливер Macedonian Timeline Australia

СЛИКА ЗА ПОДЕЛБИТЕ НА НАШЕТО НАЦИОНАЛНО ТКИВО

Кон книгата „ Расчеречени души македонски “ од Нове Младеновски , авторско издание -  Гоце Ристовски   Една древна кинеска мудрост вели дека човек во животот треба да остави пород, да засади дрво и да напише книга. Некои му ја припишуваат на Лао Це. Во таа смисла авторот на книга т а „ Расчеречени души македонски “  Нове Младеновски, е веќе реализиран човек. И повеќе од тоа. Тој оставил наследници, засадил дрвја, а оваа не е прва негова книга. Тој е автор на повеќе напечатени книги, меѓу кои и четири романи. Секоја книга напишана на македонски јазик е празник за македонската култура и опстојба. Оти, за жал, и денес, во 21-от век, “да пишуваш на македонски значи да се бориш“ како што истакнуваше стамениот столбник на современата македонска литература Коле Чашуле.

СВЕТАТА МИСИЈА НА Д-р АСПАСИЈА СОФИЈАНОВА, ВРВНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СВЕТСКАТА ПЕДИЈАТРИЈА

Еклузивно интервју со директорката на детска клиника доктор Азпасија Софијанова во врвот на светската педијатрија. Нема поголемо задоволство од тоа на светот, животот е брз ритам и  брзо се движи со огромна брзина но ние секогаш треба да бидеме спремни за секој предизвик а усшехот доаѓа само со труд и дела. - Д-р Аспасија Софијанова   МТ -  Ајде да го започнеме интервјуто со едно обично прашање но верувам дека ќе имате многу да ни кажете - Што значи работата за вас? АС - За мене не би сакала многу да говорам што се сум направила доволно е да ги видат моите дела и тие се кажуваат.Можам едно да кажам мојот втор дом е детската клиника во која сум постојано и секогаш сум достапна за сите во кое било време битно е да спаси детски живот и секогаш сум спремна за тоа знаете ли што значи да се спаси детски живот да се види таа чиста насмевка таа убавина верувајте нема поголемо задоволство од тоа. Јас сум многу посветена на својата професија и сакам се пoвеќе да се усовршув...