Македонскиот народ има до лга и бурна историја низ која помина секакви премрежја, најтешки предизвици. Постојано се бореле за свое место под сонцето, постојано се бореле за национална слобода, за самостојност. Македонија како да водеше вечна борба меѓу темнината и светлината и која постојано се пренесуваше од една на друга генерација. Секоја генерација се бореше под различни услови и околности, но и со различни судбини. Безмилосно се спроведувани најразлични методи на уништување на националната свест за самостојност, македонскиот народ не потклекна и не се помири со роувањето. Секогаш се бореше против поробувачите да го сочува својот идентитет, јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна. Денес треба посебно да го потенцираме тоа што македонскиот народ никогаш немаше претензии за освојување на територии како што тоа го правата нашите соседи. Напротив, секогаш се борел и се бори за да си зачува својот идентите и да го зазе...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ