Објавено на 24.8.2018 на веб порталот Македонска нација Деновиве излезе од печат книгата статии под наслов „ОДБЛЕСОЦИ ОД МИНАТОТО“ од познатата македонска авторка од Австралија Гордана Димовска. Гордана Димовска е познато име во литературно-публицистичката периодика среде Македонците во Австралија и пошироко. И додека нејзините литературни творби, колку толку, се прибрани во книги, ова е нејзина прва книга во која на едно место се собрани нејзините позначајни статии со општествено-политичко-историски и други теми, објавени последниве десетина години во различни медиуми („Македонска нација“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Народна волја“, медиумите на Матица македонска и Агенцијата за иселеништво и други, како и преку електронски медиуми). Со својот зрел, ненаметлив и аргументиран стил на пишување Гордана Димовска се докажува како сериозен аналитичар и истражувач за значајни теми од македонското минато и сегашно битисување, а со широкиот дијапазон теми што ги загатнува се претставува и как...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ